fbpx

Genesis го покажа екстериерот на новиот G90

Објавени се првите фотографии за новата генерација на G90, знаменосецот во премиум поставата на јужнокорејскиот бренд Genesis

Genesis, премиум дивизијата на јужнокорејскиот производител Hyundai, се подготвува за премиерата на новата генерација на G90, а во пресрет на комплетното претставување, ги објави првите официјални фотографии кои го прикажуваат екстериерот на моделот.

Автомобилот се одликува со препознатливиот дизајнерски јазик на Genesis наречен Athletic Elegance и доаѓа заедно со големата Crest Grille решетка и препознатливите Two-Line фарови. Предната решетка се одликува со Layered Architecture финиш составен од две G-Matrix шеми поставени една врз друга.

Покрај тоа, новиот Genesis G90 се одликува и со clamshell хауба што дополнително влијае на севкупниот елегантен изглед на моделот. Кога ќе се погледне од страна, сет на двојни LED индикатори за насока е поставен на предните четврт панели го привлекуваат вниманието, исто како и рачките на вратите кои се на ниво на каросеријата. Genesis, исто така, дизајнираше и сет на нови 20-инчни тркала за автомобилот и изработи особено впечатливи C-столбови.

Стилските модификации се заокружуваат со редизајнираниот заден дел кој што, интересно, не ги содржи истите задни светла со две линии кои моментално се наоѓаат кај другите модели на Genesis. Наместо тоа, G90 располага со две LED светлосни ленти кои се протегаат по целата ширина на задниот дел, а исто така има и аголни главни задни светла.

Genesis G90

Моделот ќе биде лансиран следната година

Genesis се уште нема објавено фотографии од ентериерот на седанот, но откри дека моделот ќе се нуди во верзија со продолжено меѓуоскино растојание кое е 190 милиметри подолго во однос на стандардниот модел, со што ќе се зголеми просторот во задниот дел од автомобилот.

„G90 ќе го редефинира искуство на луксузен дизајн на уникатен начин кој се нуди само од Genesis. G90 е ултимативниот израз на Athletic Elegance дизајнерскиот јазик кој внимателно го балансира динамичното возење и елегантното искуство во задниот дел од возилото“, изјави Сангјуп Ли, шефот на Genesis Global Design.

Genesis G90

Производителот истакна дека G90 ќе биде пласиран на глобално ниво, а во моментов не е планирано да се најде на пазарот во Европа, но со неговото претставување има намера да ги покаже своите намери на премиум пазарот, нагласувајќи ја посветеноста на премиум материјалите и луксузниот дизајн. Не е исклучено моделот да дојде нешто подоцна во Европа, или пак да понуди сосема посебен модел базиран на G90 на Стариот континент.

Поврзани вести

Back to top button