Викенд тарифа: Ferrari SF90 и McLaren 765LT во ултра драг битка
Ferrari SF90 Stradale и McLaren 765LT се меѓу најбрзините суперавтомобили на светот, а ова видео совршено ги демонстрира перформансните разлики меѓу нив
Даниел Абт објави ново интересно видео на својот YouTube канал во кој прикажува директен драг дуел меѓу Ferrari SF90 Stradale и McLaren 765LT. Ова се меѓу најпотентните суперавтомобили на пазарот во моментов, а се потпираат на две тотално различни филозофии.
SF90 Stradale е перформансен хибрид кој се напојува со 4,0-литарски турбо мотор поддржан од три електромотори. Оваа поставка испорачува погон на сите четири тркала и максимална моќност од 986 КС. Од друга страна, 4,0-литарскиот битурбо V8 кај McLaren 765LT испорачува „само“ 755 КС. Како овие бројки изгледаат во пракса, погледнете во видеото во прилог.