Кина продолжува со државни субвенции до крајот на 2020 година
Купувачите на хибридни, електрични возила, камиони и водородни автомобили подлежат на даночно олеснување од најмалку 10% од куповната цена на автомобилот
Властите така ги поттикнуваат луѓето да изберат “зелен” автомобил.
Согласно законските регулативи донесени пред неколку години Државната помош заврши на 31 декември 2017 година, но Министерството за финансии донесе нова одлука: „Ние ќе ги поддржиме новите енергетски возила на ист начин како досега до крајот на оваа деценија“.
Пристапноста на електрифицирани автомобили е важна за Кинезите, па владата се обидува и натаму да им дава посебно место, бидејки според неа, оваа бројка до 2025 година, треба да достиге 20% од сите продадени автомобили во Кина.
Водечка позиција на пазарот на електрични возила во земјата ја зазема групата BAIC, но не се далеку според оствареното, ниту BYD, JAC и други, чиј број постојано расте. За кинескиот пазар, кој е број 1 во светот, изминатата година не беше премногу успешна, нејзиниот раст не беше константен во целост, поради одредени турболенции, но во секторот на електрични возила порастот беше најимпресивен 51,4%, односно над 700.000 конверзии. Сепак, уделот на „зелените” автомобили останува на ниво од 10%, па поради тоа, владата на Кина продолжува со државната помош за купување на нови EV автомобили.