fbpx

Dacia Spring е Best Buy Car of Europe 2022 според Autobest

Жирито на Autobest одлучи да му ја додели наградата Best Buy Car of Europe 2022 на првиот целосно електричен модел на романскиот бренд Dacia

Меѓународното жири на Autobest, сочинето од автомобилски новинари од 32 европски земји, одлучи да ја додели наградата Best Buy Car of Europe 2022 на Dacia Spring, првиот целосно електричен модел на романскиот бренд. Со убедлива предност во однос на конкурентите, Dacia Spring е прогласена за најдостапно возило во конкуренцијата.

Инаку, ова е првпат во 21-годишното одржување на оваа награда, жирито на Autobest да ја додели оваа награда на 100-проценти електричен автомобил.

Dacia Spring

Dacia Spring дебитираше кон крајот на март 2021 година и уште од стартот собра 43.000 нарачки. Spring нуди електрична мобилност без вишок додатоци, потпирајќи се на есенцијалната потреба како навигација, клима уред, електрични прозори, репликација на екран на паметен телефон и слично, а сето тоа за најдобрата цена во Европа.

Моделот се напојува со ефикасен и сигурен електричен мотор благодарение на кој се остварува опсег на движење до 305 километри во градски и 230 километри во комбинирани услови.

„Навистина сме горди што ја освоивме наградата Autobest за 2022. Тоа е уште еден доказ за посветеноста на Dacia на своите купувачи секогаш да им го понуди она што им е навистина потребно. Spring е вистинско современо возило, едноставно и достапно на најширокиот круг на купувачи. Сакам да им се заблагодарам на членовите на Autobest жирито што ни потврдија дека како марка одиме во вистинската насока“, изјави Денис Ле Вот, главниот директор на марките Dacia и Lada.

Покрај Best Buy Car of Europe 2022 наградата, Dacia Spring оствари одлични резултати и на Ecobest предизвикот кој Autobest го организираше во ноември годинава.

Поврзани вести

Back to top button