Mulliner има нови специјални Bentayga модели во ограничена серија
Компанијата Bentley, односно нивниот оддел за персонализација, Mulliner, креираше ограничена серија на специјално дизајнирани Bentayga модели
Bentley и Mulliner ќе произведат 11 специјално дизајнирани верзии на Bentayga под името „Outdoor Pursuits Collection“, а треба да ги отсликуваат традиционалните и омилени активности на Британците во природата како што се риболовот, јавањето коњи и шетањето кучиња.
Сите специјални модели на Bentayga од Outdoor Pursuits Collection ќе бидат дизајнирани на тој начин што ќе го нагласуваат мајсторството и изработката на Mulliner со нивната раскошно украсена внатрешност.
Секој примерок ќе комбинира неколку специјални карактеристики „по мерка“, вклучително и шумски приказ извезен на кожните седишта и уникатна хромирана обвивка на совозачката маска која ја прикажува конкретната активност во чија чест е направен моделот.
За да се истакне целата тематика, Mulliner избра што е можно повеќе природни материјали. Тоа значи нова ткаена волнена завршница за внатрешната страна на вратите, џебовите на седиштата, рачките за држење и деталите околу инструмент таблата. Твидот од песочен шевронен е избран да ја надополни бојата на внатрешноста и е наменет да работи во хармонија и со главните и со секундарните бои на ентериерот.
SUV моделот исто така користи Liquid Amber фурнир со правоаголна облога со шимшир, за да го огради темниот фурнир од еукалиптус на контролната табла. Во потемниот дел ќе биде поставена сцена со риболов, скокање со коњ или британски лисичар.
Кога станува збор за екстериерот, моделите ќе се нудат во Havana, Cumbrian Green или Magnetic. Десеткраките 22-инчни тркала од лесна легура на Bentayga се усогласени со надворешната боја и притоа се полирани за да се добие спектакуларен финиш.
Купувачите исто така ќе добијат и Hunter Flask врзана во кожа која одговара со внатрешноста на возилото. Од Bentley не објавија детали за цената, но сигурно е дека Bentayga од Outdoor Pursuits Collection ќе биде поскапа од обичните модели.