fbpx

VW со ново видео го најави доаѓањето на ID.Buzz

Volkswagen се подготвува за премиерното претставување на својот модел ID.Buzz кој привлекува големо внимание кај јавноста

Новиот електричен модел на Volkswagen, ID.Buzz, ќе пристигне во 2022 година, а германскиот производител продолжува со најавите и тизер објавите. Со цел да го задржи вниманието свежо за ретро инспирираното комбе, VW на социјалните мрежи објави кратко видео во кое се прикажани кадри од моделот. Моделот е речиси подготвен за производство, а Volkswagen ја прогласи 2022 како година на ID.Buzz.

Во видеото можат да се забележат фаровите и впечатливиот LED светлечки потпис. Тизерот понатаму открива нешто што изгледа како осветлени рачки за вратите и светла кои прикажуваат карактеристична шема на земјата.

https://twitter.com/i/status/1474007898258817034

Повеќе детали ќе бидат познати во следните месеци, но ID.Buzz ќе се нуди во повеќе различни конфигурации со оглед на тоа дека ќе се користи и како комерцијално возило, а ќе има и автономна варијанта. Секако, тука треба посебно да се напомене и камперската верзија. Спецификациите остануваат тајна засега, но моделот се очекува да се нуди со погон на задните и сите четири тркала.

Ако моделот ID.4 е некаква индикација за електричниот ID.Buzz, тогаш базичниот модел најверојатно ќе има електромотор поставен на задната осовина со 204 КС и 310 Nm. Варијантата со погон на сите четири тркала, од друга страна, би можела да има поставка со два електромотори со 299 КС и 459 Nm.

Во секој случај, нема да мораме да чекаме предолго, бидејќи Volkswagen претходно истакна дека ID.Buzz и ID. Buzz Cargo ќе бидат претставени на пролет 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button