Nissan е подготвен со новиот Juke
Јапонскиот производител Nissan подготвува деби на новата генерација на екстравагантниот кросовер Juke
Неговата премиера ќе се одржи напролет, најверојатно за време на автосалонот во Женева, соопштува Daily- Motor, повикувајќи се на изјави на топ менаџер на брендот. Juke се очекува да добие не помалку интересен дизајн од својот претходник. Во исто време, сепак, кросоверот ќе биде целосно во стилот на последните модели на Nissan, односно екстериерот ќе биде доста агресивен, а димензиите ќе пораснат во однос на сегашната генерација.
Nissan Juke
Автомобилот ќе биде изграден на новата модуларна платформа CMF- B, што значи користење на турбомотор со зафатнина 1.0 и 1.6 литри. Планирана е хибридна верзија, како и целосна електрична модификација. Новиот Nissan Juke ќе добие и системот за автономно управување ProPilot. Благодарение на неа возилото ќе може да ги извршува основните функции во градскиот сообраќајк без учество на возачот.