fbpx

Hyundai со електричната KONA во Женева

За да ги задоволи желбите на своите клиенти, до 2020 година Hyundai планира промоција на 15 нови еколошки модели, вклучувајќи и целосно електрични, plug-in хибриди, хибриди и такви кои користат водород за гориво

Првиот од нив е електричната KONA која ќе блесне во Женева.

Според зборовите на Оливер Шмид, постар заменик претседател на европската поделба на Hyundai, 10 од новите еко предлози на марката ќе станат достапни и на корисниците на Стариот континент. Првиот чекор во развојот на модификационото портфолио на Hyundai ќе биде направен по само неколку недели, кога на меѓународниот салон во Женева ќе дебитира целосно електричната верзија на новиот компактен SUV модел KONA.

Hyundai Kona
1 | Hyundai
2 | Hyundai

    Лансирањето на електричниот автомобил на пазарите во Европа е закажано за првата половина од оваа година. KONA пристигнува со батерија од 64 kWh и автономија од над 200 километри. Подоцна ќе пристигне и модел со поголема батерија, односно капацитет, кој ветува и подобра автономија. Согласно потребите на електричниот автомобил се направени и соодветните модификации, особено во потпирањето и конструкцијата, а се разбира и преносот.

    Поврзани вести

    Back to top button