fbpx

Porsche го прошири опсегот на Cayenne со Platinum Edition модели

Porsche додава дополнително ниво на софистицираност во моделската постава на Cayenne и Cayenne Coupe со новиот Platinum Edition пакет

Новиот Porsche Cayenne е во подготовка и треба да пристигне за 2023 моделската година, но во пресрет на тоа, германската марка подготви нов специјален пакет за својот SUV модел со кој ќе понуди високо ниво на софистицираност и елеганција – Cayenne Platinum Edition. Пакетот ќе биде достапен за Cayenne, Cayenne E-Hybrid и Cayenne S, како и нивните купе варијанти.

Porsche Cayenne Platinum Edition

Во дизајнерска смисла, Cayenne Platinum Edition пристигнува со елементи офарбани во Satin Platinum боја. Конкретно станува збор за отворите на преднницата, Porsche логотипот на задната страна интегриран во LED светлата, како и беџовите. Моделот стандардно е поставен на 21-инчни RS Spyder Design тркала кои се во истата сатенско платинумска боја и се ексклузивни за овој пакет. Како стандард тука се и црните спортски издувни цевки и сјајниот црн трим за прозорците.

Cayenne во Platinum Edition ќе се нуди во бела, црна и голем број на металик бои, вклучително Jet Black, Carrera White, Mahogany и Moonlight Blue, како и Chalk која е „специјална боја“ за моделот. Во внатрешноста, моделот добива безбедносни појаси во Chalk боја, алуминиумски трим парчиња низ кабината и заштитни панели на вратите кои се финиширани во избрусен алуминиум и со испишан „Platinum Edition“ натпис на нив.

Porsche Cayenne Platinum Edition

Но, тоа не е се од Porsche. Германската марка ќе ги опреми моделите во ова ниво со LED фарови со Porsche Dynamic Light System, панорамски покрив, Bose аудио систем, амбиентално осветлување и спортски седишта со осум насоки на прилагодување. Во случај тоа да не е доволно, Porsche Manufaktur дивизијата ќе понуди и широк спектар на опции за персонализација на ентериерот и екстериерот, конкретно за Cayenne Platinum Edition моделите.

Porsche Cayenne во Platinum Edition верзија е веќе достапен за нарачка, а испораките на матичниот пазар во Германија стартуваат во мај годинава.

Поврзани вести

Back to top button