CES 2018: Magna претставува EtelligentDrive Systems
Magna, еден од најголемите светски добавувачи на компоненти за автомобилската индустрија, ќе го покаже на претстојниот саем за широка потрошувачка на електроника во Лас Вегас CES 2018 прототипот e1
Тој е вграден и тестиран на Tesla Model S.
Специјалистите на компанијата создадоа поефикасeн погонски систем, откако направија модификации на фабричките компоненти во моделот на Илон Маск, со сопствениот систем EtelligentDrive. Тој се состои од два компактни блока поставени на предната и задната оска на возилото, соодветно. Секој од овие модули содржи електромотор, инвертер и редуктор, што го олеснува неговото инсталирање во возилото и заштедува простор.
Во прототипот Magna e1 се користи блок со еден електричен мотор на предната оска и со два електрични мотори на задната, овозможувајќи поединечно да се управува со задните тркала. Секој мотор во EtelligentDrive има моќ од 190 КС (140 kW), што му овозможува вкупна моќност од 570 КС (420 kW).