fbpx

Sony во потрага по партнер за влез на ЕВ пазарот

Технолошкиот гигант Sony е во потрага по нови партнери кои ќе им асистираат во влегувањето на пазарот на електрични автомобили како дел од Sony Mobility потфатот кој ќе биде инициран во 2022 година

Компанијата Sony дефинитивно одлучи да продолжи со развојот и да се вмеша на пазарот на електрични автомобили. Јапонскиот технолошки гигант го претстави својот прв концепт Vision-S 01 концептот на CES во 2020 година, а тогаш истакна дека нема намера да го развива за продукциски цели. Меѓутоа, постоеја најави дека во меѓувреме работите се променети, а дефинитивната потврда пристигна овој јануари кога Sony го претстави вториот концепт Vision-S 02, а веднаш потоа потврди дека ќе го оформи Sony Mobility потфатот преку која ќе ја истражуваат можноста за влез на ЕВ пазарот.

Сега, Sony е во потрага по нови партнери кои ќе им помогнат во нивните напори за влез на пазарот на електрични автомобили преку нивниот Sony Mobility потфат кој ќе започне со работа оваа пролет. Вестите ги откри директорот на Sony за Reuters, истакнувајќи дека нивната цел е „да се трансформираат автомобилите од транспортни машини во простори за забава“.

Изуми Кваниши кој е шеф на AI Robotics дивизијата на Sony и наскоро ќе биде назначен за шеф на Sony Mobility, истакна дека она што се случува со електричните автомобили денес е слично со онаа трансформација која им се случи на паметните телефони со помош на информатичката технологија во 2000-тите години, додавајќи притоа: „Гледаме дека ризикот од игнорирањето на електричните автомобили е поголем отколку самиот предизвик кои тие го претставуваат“.

Технологијата како предност

Ѕony го претстави Vision-S 02 електричниот SUV концепт на CES 2022, кој е следбеник на Vision-S 01 електричниот седан од CES 2020. Двата концепти се направени од Magna Steyr во Австрија и има огромно искуство во оваа област. Други компании кои помогнаа во дизајнот и развојот на автомобилите на Sony се Bosch, Valeo и Almotive.

И додека концептите делуваат дека се подготвени за производство, а Vision-S 01 веќе почна со тестирања на јавните патишта, доколку Sony одлучи да продолжи со него ќе бидат потребни огромни инвестиции за изградба на фабрика. Tesla, која е вистински „гејм-чејнџер“ во ЕВ индустријата, и традиционалните производители како Toyota, Volkswagen Групацијата, General Motors и Stellantis направија инвестиции во електричните автомобили вредни милијарда долари. Запрашан за тоа дали некоја кинеска компанија би била соодветна за Sony, Каваниши истакна: „Sony ќе ги избере новите партнери за своите ЕВ проекти базирано на технологијата која можат да ја донесат во проектот, без оглед на нивната националност“.

Ѕony не е единствениот технолошки гигант кој сака да влезе на ЕВ пазарот, со оглед на тоа дека Apple, LG, Foxconn, Alibaba, Xiaomi и Huawеi веќе најавија слични намери. Електричните автомобили се многу полесни за производство отколку конвенционалните, додека технолошките карактеристики како автономното возење, инфозабавата и 5G конективност стануваат се повеќе и повеќе важни за модерните автомобили.

Поврзани вести

Back to top button