Alpina го направи најбрзиот караван во светот
Германската тјунинг компанија Alpina ја претстави новата генерација на B5 BI- Turbo Touring
Во неговата основа е следната генерација на BMW 5 во верзијата G 30.
Техничките карактеристики на автомобилот и го нудат епитетот на оваа изведба „најбрзо комби во светот”, односно го „симнува“ од оваа позиција Mercedes- AMG E 63 S Estate. Под хаубата на новиот Alpina B5 BI- Turbo Touring е поставен 4.4- литарски V8 со две турбини од моделот BMW M550i. Моќта на единицата е зголемена на 608 КС, со што го надминува дури и новиот M5 со 600 КС. Моторот е поврзан со 8 степен автоматски менувач.
Alpina B5 BI- Turbo
Карактеристиките на B5 BI- Turbo Touring се извонредни. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,4 секунди, а максималната брзина е 322 km/h. Досегашниот рекордер кај караваните Mercedes- AMG E 63 S Estate, исто така забрзува до „стотка“ за 3,4 секунди, но брзината му е 290 km/h. Освен тоа Alpina B5 BI- Turbo Touring G30 за прв пат во историјата добива „свртувачки“ задни тркала. Тие се вртат за 2,5 степени и го олеснуваат управувањето. Исто така има и 20 инчни тркала и спортски пневматици Pirelli P- Zeros.