fbpx

VW Polo GTI помоќен и побрз?

Продажбата на новиот Polo GTI започнува наскоро, а од Volkswagen веќе се слушаат уште поохрабрувачки вести за фановите на субкомпактните хотхечови

Можно е во блиска иднина Polo GTI да има помоќен директен роднина.

Во интервју за магазинот Autocar, Карстен Шебсдат, кој е одговорен за развојот на шасијата на семејството на Polo објасни дека моделот има потенцијал за уште поимпресивно претставување во однос на моќноста и динамиката, односно овој потенцијал е имплементиран во шасијата уште при неговото создавање.

1 | Polo GTI
2 | Polo GTI
3 | Polo GTI

    -Автомобилот е многу стабилен, вклучително и во многу брзи свиоци, така што дефинитивно има повеќе потенцијал за развој, објаснува Шебсдат. Ова, се разбира, не значи дека VW веќе работи на помоќна верзија на Polo GTI. Но, нема да биде изненадување ако малку подоцна во животниот циклус на Polo се појави помоќна верзија – нешто слично на како кај Golf GTI Performnce или пак враќање кон Polo R. Ако сепак VW создаде попеколна верзија R, тогаш тоа значи дека Polo ќе се здобие со погон на сите четири тркала, за да е максимално блиску до варијантата Polo GTI R5.

    До појавата на евентуалната идна помоќна верзија фановите на Polo GTI ќе треба да се задоволат со моќ од 200 коњски сили, обезбедени од 2.0- литарскиот 4- цилиндерски бензински мотор со турбо, кој работи со 6- степен автоматски менувач со две спојки или со 6- брзински мануелен менувач кој треба да пристигне подоцна оваа година. DSG Polo GTI забрзува од 0 до 100 km/h за 6,7 секунди и има максимална брзина од 237 km/h.

    Поврзани вести

    Back to top button