fbpx

Alpina се пофали со освежениот B8 Gran Coupe

Пред неколку дена BMW го претстави освеженото семејство на Серија 8, а сега и Alpina го покажа унапредениот B8 Gran Coupe

По претставувањето на освежените Серија 8 Coupe, Cabriolet и Gran Coupe од страна на баварскиот гигант BMW, на ред дојде и Alpina со унапредениот B8 Gran Coupe кој ја следи истата насока со само неколку помали промени како своите баварски „роднини“. Продажбата ќе започне од јули оваа година со почетна цена од 162.100 евра.

Alpina B8 Gran Coupe

Кога станува збор за визуелните модификации, B8 Gran Coupe добива нова осветлена решетка на предниот дел и ексклузивна зелена или сина боја на екстериерот. Освен тоа, клиентите на Alpina ќе можат да изберат од широк опсег на BMW и BMW Individual финиши. Не може а да не се споменат 20-краките тркала кои се типични за Alpina и се достапни со 245/35 ZR21 предни и 285/30 ZR21 задни Pirelli пневматици.

Во внатрешноста на кабината ќе се најде истата поставка со два екрани како и кај освежената Серија 8 на BMW. B8 Gran Coupe пристигнува стандардно со новиот 12,3-инчен Live Cockpit Professional екран кој го заменува стариот 10,25-инчен дигитален инструмент кластер. Осветлените Alpina прагови и iDrive контролерот во кристално стакло со ласерски изгравираното Alpina лого му даваат на ентериерот еден попремиум изглед. На крајот, производителот вели дека секој управувач е рачно финиширан со природна кожа.

Без промени под хаубата, голем број опции за персонализација

Под хаубата нема никакви промени, па B8 Gran Coupe продолжува со модифицираната верзија на 4,4-литарскиот битурбо V8 мотор на BMW. Во оваа апликација, тој испорачува 621 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Во комбинација со менувачот пристигнува осумстепениот автоматски менувач со конвертер на максималниот вртежен момент, а благодарение на истиот автомобилот од нула до „стотка“ стигнува за само 3,4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 324 километри на час.

Доколку стандардната боја и материјалите достапни за освежениот B8 Gran Coupe не ги задоволуваат вашите потреби, од Alpina со задоволство ќе ви понудат безброј опции за персонализација. Бојата на екстериерот, опциите за кожата и тримот во ентериерот можат да бидат специфицирани во работилницата на Alpina.

Поврзани вести

Back to top button