Toyota престана да продава дизел автомобили во Италија!?
Toyota објави дека од 1.01.2018 година сите автомобили, освен големите SUV модели, нема да бидат достапни со дизел мотори на италијанскиот пазар
Купувачите ќе можат да купуваат автомобили на јапонски производител само во хибридни, бензински или водородни верзии, пренесува quattroruote.it. Сите претходни дизел варзии на Yaris, Auris и RAV4 повеќе нема да бидат достапни на пазарот на Апенините, со исклучок на 4×4 – Land Cruiser, Hilux и Proace. Како што е познато, целта на Toyota е да продаде 5,5 милиони електромобили на глобално ниво, вклучувајќи еден милион чисти електрични и на горивни ќелии, до 2030 година.
Инаку, 2017 е рекордна година за хибридни автомобили во Италија. Во последните 12 месеци, продажбата е зголемена за 71% во споредба со 2016 година. Toyota успеа да стигне до 180.000 корисници кои избраа хибридни верзии на јапонската компанија во текот на последните неколку години.