Dacia достигна 2 милиони продадени единици на Duster
Duster моделот на романската марка Dacia достигна два милиони продадени единици од претставувањето пред 12 години
Малиот романски SUV Duster влезе во својата втора генерација, а се прослави благодарение на својата репутација за вредноста која ја добивате за парите, во комбинација со авантуристичкиот стајлинг, пространа кабина и добри оф-роуд перформанси. Овие карактеристики го направија Dacia Duster популарен кај купувачите, особено во Европа каде останува бестселер во својата класа од 2019 година.
Dacia станува приказна во која еден успех води кон друг. По раѓањето на Logan во 2004 година, втората идна ѕвезда дојде во автомобилскиот свет во 2010 година – Duster. Легендарниот производ кои ги направи SUV возилата популарни и пристапни, освои многу патишта, од студениот Сибир, до Мароканската пустина. Робусниот теренец е дизајниран за семејства и подготвен за секој предизвик. Оваа година Dacia Duster слави два милиони продадени примероци во 60 земји. Инженерите, дизајнерите, а особено купувачите, нема така лесно да ја заборават оваа десет години долга приказна.
Duster се произведува во Питешти фабриката во Романија, со просек од 1.000 единици на дневно ниво, што значи еден произведен модел на секои 63 секунди. Dacia вели дека овие 2 милиони единици на Duster се продадени во речиси 60 земји ширум светот. Втората генерација на Duster пристигна во 2017 година, додека лани доби и свој фејслифт, а останува еден од неколкуте модели во конкурентниот субкомпактен сегмент кој нуди опција за погон на сите четири тркала. Моторната постава на Duster вклучува бензинци (1.0 TCe, 1.3 TCe), био-гориво (1.0 LPG) и дизел (1.5 dCi) опции чија моќност се испраќаат на предните или сите четири тркала, зависно од варијантата.
Иновативно решение за дизајнот
Дејвид Дуранд, шефот за екстериерен дизајн во Dacia, го објасни пристапот во развојот на Duster со примерот на пластичните делови на предните крила.
„Моравме да го смислиме дизајнот поради техничките ограничувања. Тркалата се прилично поместени во однос на вратите и невозможно е да се испечатат деловите што одговараат на потребната форма. Така, создадовме пластичен дел кој е поставен меѓу крилата и вратите. Тој е многу функционален бидејќи обезбедува идеална заштита од летечки дамки од чакал и кал. Заштедивме пари додека смисливме уникатен дизајн кој му дава на Duster робусен изглед“.
Покрај тоа што е практичен и робусен SUV за дневно користење на патиштата и во оф-роуд услови, Duster учествуваше во настани како Rallye Aicha des Gazelles во Мароко, Pikes Peak и Andros Trophy. Од неговото претставување, Duster беше трансформиран во пикап, комбе, амбулантно возило, полициски автомобил, а притоа освои повеќе од 40 награди.