Над половина од новите автомобили во Норвешка- електрифицирани
Повеќе од половина од новите автомобили што се продадени во Норвешка во изминатата календарска година беа електрифицирани
Според резултатите на организацијата OFV (Norwegian Road Federation), пазарниот удел на целосно електричните и хибридните автомобили во 2017 година во земјата достигна 52% (52,2% со оние кои користат водород и гас), а во 2016 година бил 40%. Во Топ 10 на најпродаваните нови автомобили во Норвешка во 2017 година има дури пет целосно електрични автомобили: Volkswagen Golf (1), BMW i3 (2), Tesla Model X (4), Tesla Model S (7) и Nissan Leaf (8), а вкупниот број на новите автомобили за изминатата година бил 158.650 единици.
Со 23.212 продажби за 2017 година, Volkswagen е омилената марка во Норвешка, на второ место е Toyota со 17.980 единици, а на трето е BMW со 13.119. Во Топ 10 на најпродаваните брендови за изминатата година влегуваат исто така Volvo (11.750), Mercedes (10.625), Skoda (9.049), Tesla (8.460), Audi (7.673), Ford (6.815) и Nissan (6.365).