fbpx

Чикаго 2022: Конечно салон за автомобили

По повеќе од 2 години повторно сме на саем, овој пат во Чикаго, најстариот на американскиот континент

Авто Плус е единствената редакција од нашата земја, а веројатно од Балкан, која ќе присуствува на Салонот за автомобили во Чикаго оваа година. Првиот пост-ковид саем кој на кој присуствува нашата редакција ќе понуди доста новитети и концепти. Еден од нив секако е и Ford Bronco Everglades, најновиот додаток во SUV семејството на „Синиот овал“. Bronco Everglades пристигнува со голем број на додатоци како дел од својата стандардна опрема, со цел да биде уште поспособен за авантурите надвор од патиштата.

Двете клучни унапредувања кои прават Bronco Everglades инстантно да отскокнува во однос на останатите верзии е шнорхелот, како и унапредените можности за преминување на водни површини. Шнорхелот кој го инсталираше Ford е дизајниран и развиен од страна на самата компанија и вклучува плочи кои се едноставни за менување. Од друга страна, благодарение на издигнатите вентили на предната и задната оска, трансферното куќиште и трансмисијата, Bronco Everglades може да премине водна површина која е 924 милиметри длабока. За споредба, стандардниот Bronco има ваква способност до длабочина од 851 милиметри.

Уште понагласени оф-роуд способности

Bronco Everglades исто така се продава стандардно со модуларен преден браник од Ford Performance со Zeon 10-S Warn макара со капацитет од 4.536 килограми и 30-метарски синтетички коноп. Ford исто така го опреми моделот со истата заштитна сафари шипка, покривни шини и челични плочи за заштита на подвозјето како Black Diamond и Badland моделите.

Исто така направени се и некои помали промени. На пример, Bronco Everglades има уникатни предни и задни сведови над тркалата и карактеристични спортски графики на предните панели. Покрај ова, добива и Carbonized Gray решетка со сјајнo црн Bronco натпис, а купувачите ќе можат да го нарачаат со Sasquatch пакетот кој додава 17-инчни Carbonized Gray тркала со 35-инчни Goodyear пневматици за калливи терени.

Со цел да се осигура дека Bronco Everglades е лесен за чистење по оф-роуд авантурите, Ford исто така вметна и винилски седишта и гумени патосници. Urban Green акцентите исто така можат да се најдат на рачките за придржување, отворите за вентилација и конците на седиштата.

Ford Bronco Everglades

Ford одлучи да го продава Bronco Evеrglades ексклузивно со 2,3-литарскиот EcoBoost четирицилиндричен мотор со 300 КС и 440 Nm максимален вртежен момент, во комбинација со 10-степен автоматски менувач.

Поврзани вести

Back to top button