fbpx

Toyota го претстави новиот Yaris Cross

Toyota ги објави првите фотографии и детали за SUV моделот базиран на Yaris, кој го носи моделот Yaris Cross

Со поголема пространост и зголемен клиренс, како и опција за погон на сите четири тркала, Toyota Yaris Cross станува третиот член на Yaris семејството кога ќе пристигне во Европа кон средината на 2021 година. Секако, Yaris Cross е далеку поголем во однос на Yaris субкомпактниот хеч и GR Yaris хот хеч варијантата.

И додека меѓуосовинското растојание останува исто на 2.560 милиметри, кросоверот е за 240 милиметри подолг и има должина од 4.180 милиметри. Yaris Cross исто така е и 20 милиметри поширок и 90 милиметри повисок од Yaris. Сепак, и покрај ова тој е доволно компактен за да не претставува конкуренција на Toyota C-HR. Во споредба со нешто поголемиот кросовер, Yaris Cross е помалку „контроверзен“ од стилска гледна точка, добивајќи нешто поконвенционален изглед. Неизбежно е да се забележи дека повеќе наликува на RAV4 со сличната предница, пластичните заштити на каросеријата, нагласените сводови над тркалата и севкупниот SUV впечаток.

Поголема пространост и компактност

Со оглед на тоа дека е поголем од Yaris, резултира и со поголем простор, како и 40:20:40 размер на склопување на задната клупа и поголем капацитет во багажникот, кој пак ќе добие и подесувачки под според потребите на купувачите. И покрај тоа што конкуренцијата на Yaris Cross е подеднакво практична, многу мал дел од нив нудат погон на сите четири тркала. Toyota Yaris Cross го спојува системот за погон на сите четири тркала со хибриден погон кој е сочинет од 1,5-литарски трицилиндричен бензински мотор и електромотор.

Toyota Yaris Cross

Вкупната моќност е иста како и кај Yaris со 116 КС. Моторот на внатрешно согорување може да го напојува кросоверот сам во опцијата со погон на предни тркала, додека електромоторот се вклучува за да ја придвижи задната оска во одредени ситуации.

Toyota Yaris Cross ќе се произведува заедно со Yaris хечбекот во Валенсиен фабриката во Франција. Компанијата планира да произведе повеќе од 150.000 единици на годишно ниво. Новиот модел ќе се најде во продажба во Европа на лето 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button