BYD официјално пристигна во Македонија

BYD официјално влезе на македонскиот пазар, а македонските купувачи од самиот старт ќе можат да бираат меѓу седум нови модели

Кинескиот производител BYD, кој денес е најголемиот светски производител на возила со нови извори на енергија (NEV), официјално влезе на македонскиот пазар. Со тоа Македонија станува 38. европски пазар на кој брендот е присутен, а домашните купувачи отсега ќе имаат можност да избираат меѓу целосно електрични и plug-in хибридни модели.

BYD организираше гала настан на кој ги претстави моделите кои ќе бидат лансирани на македонскиот пазар, а застапник на BYD во Македонија е компанијата Evolution-Auto.

Кинеската марка се очекува да игра клучна улога на македонскиот пазар како новитет кој се очекуваше веќе подолго време. Инаку, BYD е основан во 1995-тата година како производител на батерии, додека автомобилското одделение BYD Auto официјално постои од 2003. Денес, 23 години подоцна BYD Auto прерасна во еден од водечките автомобилски производители на глобалната сцена и вистински технолошки лидер.

Богата понуда од самиот почеток

BYD стартува со широка гама модели, која опфаќа хечбек, седан и SUV изведби. Понудата ја отвора компактниот BYD Dolphin Surf, кој неодамна ја освои титулата „Светски градски автомобил на годината“, додека на врвот на гамата се наоѓа целосно електричниот SUV Sealion 7.

Покрај нив, на македонскиот пазар пристигнуваат и електричниот седан Seal, SUV моделот Atto 3 EVO, plug-in хибридниот Seal U DM-i, компактниот Atto 2 DM-i, како и седанот Seal 6 DM-i.

Со оваа понуда BYD практично ги покрива најважните сегменти на пазарот и им нуди избор на купувачите кои бараат електрично или хибридно возило.

До 570 километри автономија и над 1.000 километри комбиниран досег

Најмоќниот електричен модел во понудата е BYD SEALION 7. Овој SUV забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,5 секунди и нуди автономија до 502 километри според WLTP циклусот.

Моделот користи Blade Battery батерија, Cell-to-Body конструкција за поголема цврстина и безбедност, како и електромотор кој достигнува до 23.000 вртежи во минута.

Електричниот седан BYD SEAL, кој ја користи истата технолошка платформа, благодарение на понискиот профил нуди автономија до 570 километри според WLTP.

За купувачите кои често патуваат на подолги релации, BYD ги нуди SEAL U DM-i и ATTO 2 DM-i. Благодарение на Super DM plug-in хибридната технологија, двата модели можат да поминат повеќе од 1.000 километри со полна батерија и полн резервоар со гориво.

Blade Battery е една од најголемите предности на BYD

Една од најважните технологии што ги издвојува моделите на BYD е Blade Battery, претставена во 2020 година.

Станува збор за литиум-железо-фосфатна (LFP) батерија без кобалт, која овозможува поголема безбедност, подобро ладење и подолг работен век. Според компанијата, батеријата успешно ги поминала тестовите за пробивање, при кои не дошло до појава на чад или пламен, а истовремено може да издржи повеќе од 5.000 циклуси на полнење и празнење.

BYD Македонија

BYD продолжува со брза експанзија во Европа

Од компанијата велат дека влезот на македонскиот пазар е дел од нивната стратегија за понатамошно ширење во Европа.

„Возбудени сме што го отвораме нашиот прв салон во Македонија. Нашата цел е одржливите технологии да им ги направиме достапни на што повеќе луѓе. Затоа секој нов европски пазар е од големо значење за BYD“, изјави Стела Ли, извршен потпретседател на компанијата.

BYD Македонија

BYD е единствениот производител кој самостојно развива батерии, електромотори, полупроводници и погонски системи за своите возила. Компанијата неодамна достигна производство од 17 милиони возила со нови извори на енергија, а денес вработува повеќе од 120.000 инженери и техничари и поднесува повеќе од 52 патентни пријави секој работен ден.

Поврзани вести

Back to top button