fbpx

Panasonic воведува нов концепт во Лас Вегас

Јапонската компанија Panasonic ќе покаже на саемот на електроника CES во Лас Вегас нов свој концепт

Автомобилот беше „фатен на дело“ пред поставувањето на штандот на Panasonic, пред отворањето на саемот.

Се претпоставува дека станува збор или за автономен електромобил или пак модел кој ќе биде платформа за демонстрација на постигнувањата на компанијата во областа на автономните технологии и ентериерот. Минатата година, во Лас Вегас, Panasonic покажа сличен модел.

Во април 2017-та беше основан посебен технички центар кој се занимава со овие технологии и специјалистите во него создадоа чип кој обработува слики и податоци со ултразвучни сензори. Компанијата планира да го понуди автономниот систем за мобилност на пазарот во 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button