Познати полуфиналистите за „Најубавиот автомобил на годината 2017“!
Жирито на изборот за Најубав автомобил на годината ги објавија имињата на полуфиналистите во изданието на конкурсот за 2017 година
Како што е познато до четвртфиналето стигнаа Alpine A110, Volvo XC60, DS7 Crossback, Jaguar E-Pace, Mazda MX-5 RF и BMW X2. Жирито реши во последната фаза, односно од учеството во трката да ги отстрани моделите на Jaguar и Mazda. Финалната фаза на натпреварот за Најубав автомобил на годината 2017 ќе се одржи од 8 до 21 јануари. Инаку, вреди да се напомене дека и овој пат, секој кој сака може да гласа за својот фаворит на интернет, а крајниот победник ќе биде прогласен на 30 јануари.
Во текот на изминатата година, наградата Најубав автомобил на годината отиде кај Alfa Romeo Giulia, а една година порано признанието стана сопственост на Renault Talisman.