Последниот V12 Vantage на Aston Martin е најмоќниот досега
V12 Vantage заминува во историјата, а Aston Martin одлучи за последен пат да подготви специјална верзија на својот автомобил
Aston Martin го испраќа V12 Vantage во пензија во голем стил. Компанијата го претстави целосно новиот модел во ограничена продукциска серија кој е најмоќниот и најбрзиот Vantage некогаш направен.
Почнувајќи со она што се наоѓа под хаубата, Aston Martin го опреми моделот со битурбо 5,2-литарскиот V12 мотор кој сега испорачува енормни 700 КС и 753 Nm максимален вртежен момент. Тоа е за 190 КС и 68 Nm повеќе од V8 Vantage, а дополнителната моќност му овозможува на моделот да забрза од нула до 60 милји на час (0-96 км/ч) за 3,4 секунди, пред да достигне максимална брзина од 322 километри на час.
Овие бројки се само дел од целата приказна бидејќи Aston Martin кај V12 Vantage примени и неколку мерки за намалување на тежината, со цел да му даде на моделот сооднос на моќност и тежина од 390 КС по тон, што е повеќе од 20 проценти зголемување споредбено со стандардниот модел. За да ги достигне овие бројки, автомобилот е опремен со голем број на карбонски компоненти.
Фокус и на останатите перформанси
Претходните V12 Vantage модели беа нудени со мануелен, оваа „лебедова песна“ на култниот автомобил добива осумстепен автоматски менувач кој ги инкорпорира технологиите од V12 Speedster и Vantage F1 Edition. Автоматскиот менувач сигурно ќе разочара дел од фановите, но Aston Martin вели дека менувачот се одликува со уникатна калибрација која ја унапредува респонзивноста како и интеракцијата на возачот. Исто така ветува дека ќе се најде во вистинскиот степен во вистинско време, а истовремено е подобра опција од менувач со двојна спојка.
Промени се направени и на системот за потпирање, бидејќи Aston Martin го нарече V12 Vantage „ултимативна експресија на екстремни перформанси“. Промените се значителни, па така моделот е опремен со покрути опруги, нови анти-рол барови, а автомобилот добива и втора задна помека спирална опруга која нуди засилен комфор без да има ефект на динамичките перформанси. Со оглед на тоа дека на автомобилите им е потребен сигурен и цврст основ, крутоста на каросеријата е зголемена за 8 проценти, додека латералната крутост е зголемена за 6,7 проценти.
Меѓу останатите карактеристики тука се и диференцијалот со ограничено пролизгување и рекалибрираниот управувачки систем. Инженерите го опремија автомобилот и со карбон керамички сопирачки систем.
Дизајн без грешка
Кога станува збор за дизајнот, овој V12 Vantage уште на прв поглед дава знак дека не е типичен модел како останатите, бидејќи автомобилот добива 25 проценти поголема решетка за подобрено ладење на моторот. Тука е и проминентниот преден сплитер и вентилирачката хауба. Широкиот боди кит и големото задно крило придонесуваат за максимална потисна сила од 204 килограми при високи брзини. Автомобилот е поставен на 21-инчни тркала со сатенско црни или сатенско црн дијамантски финиш. Како опција купувачите может да изберат и посебни лесни тркала кои ја намалуваат тежината за 8 килограми. Кога станува збор за опциите, тука се и обоените шапи од сопирачките, затемнетите задни светла и темните завршетоци на издувните цевки. Купувачите кои бараат нешто поуникатен изглед можат да се обратат и до Q by Aston Martin одделот.
Кабината во најголем дел е пресликана како кај останатите Vantage модели, но купувачите ќе најдат V12 ознаки на централната конзола како и полу-анилински кожни Sports Plus седишта со греење и 16-насочно прилагодување. Тука е и спортскиот управувач, сјајно црниот трим, Алкантара хедлајнерот и 8-инчниот инфозабавен екран.
Цел асортиман на опции е достапен вклучително премиум адуио-систем, карбонски трим и карбонски перформансни седишта. Клиентите ќе можат да нарачаат и Q опции како што е карбонски управувач и анодизирани акценти во кабината.
Производството ќе биде ограничено на 333 единици на глобално ниво, но компанијата забележала невиден интерес откако автомобилот беше најавен во декември минатата година. Како резултат на ова, сите V12 Vantage модели се веќе нарачани, а оние кои имале среќа да се најдат на списокот можат да го очекуваат својот модел во вториот квартал од годинава.