fbpx

GT Track Series е новата „ракета“ на Mercedes-AMG

Mercedes-AMG го претстави новиот спортски модел во својата постава кој го носи името GT Track Series

Mercedes-AMG GT Black Series мора да го препушти тронот на новиот крал на спортскиот опсег на германскиот производител – Mercedes-AMG GT Track Series.

Иако базиран токму на AMG GT Black Series, сепак, станува збор за сосема поинаков модел, пред се поради тоа што станува збор за автомобил кој е наменет исклучиво за тркачките патеки. Новиот AMG GT Track Series е претставен како дел од прославата за 55-годишнината на AMG брендот и ги спојува мајсторствата на производителот од GT3 и GT4 тркачките програми. Со оглед на јубилејот, ќе бидат произведени само 55 примероци на светско ниво.

Во срцето на AMG GT Track Series е истиот основен 4,0-литарски битурбо V8 како кај Black Series, но со неколку модификации, како што се новите мотоспорт инјектори за гориво и ја тјунираше ECU единицата, па така агрегатот сега испорачува 734 КС и 850 Nm, што е за 14 КС и 50 Nm повеќе од Black Series. Во комбинација со овој мотор доаѓа и новата Hewland HLS шестстепена секвенцијална тркачка трансмисија со прилагодлива диференцијална моќност на насочување на задните тркала.

Голем број на специјални модификации

Mercedes AMG го опреми Track Series со четиринасочни прилагодливи Bilstein амортизери кои имаат поставки и за ниски и за високи брзини за компресија. Автомобилот исто така има 18-инчни тркала, спортски челични сопирачки и тркачка контрола за триење со 12 режими и ABS системи.

Ослободен од регулативите кои важат за патничките автомобили, Mercedes-AMG исто така посвети внимание и на аеродинамиката. Така, кај GT Track Series се наоѓа продолжен преден сплитер, дополнителни отвори за разладување на страничните прагови, нови отвори за воздух над сводовите за тркалата и механички прилагодливо задно крило дизајнирано за производство на поголема потисна сила.

Ентериерот изгледа како кај вистински тркачки автомобил, благодарение на заштитниот кафез, карбонската безбедносна ќелија за возачот, безбедносен ремен со пет точки на спојување и отвор на покривот. Систем за гаснење пожар и мрежа за безбедност на возачот исто така се инсталирани, како и специјалниот управувач, програмирачкиот Bosch екран за возачот и систем за напредни податоци.

Mercedes-AMG GT Track Series

Mercedes-AMG GT Track Series ќе се продава директно до клиентите од страна на компанијата и е достапен за 369.000 евра. Испораките ќе започнат во вториот квартал од 2022.

Поврзани вести

Back to top button