Renault ги запира производните активности во Русија
Извршниот одбор на Renault групацијата последниот состанок одлучи да ги прекине производните активности во својата фабрика во Москва
Големите автомобилски производители излегуваат од рускиот пазар поради инвазијата врз Украина. Последниот во низата кој го направи овој потег е Renault, кој е број 1 производител во Русија, стопирајќи ги своите индустриски активности во Autoframos погонот, само неколку дена откако одново ја отвори фабриката во Москва.
На последниот состанок на Извршниот одбор на Renault групацијата, донесена е одлука да се прекинат производствените активности во Москва, а со оглед на сопствениот сопственички удел во Avtovaz, Renault размислува различни можност, земајќи ја предвид моменталната ситуација и одговорност кон 45.000 работници во Русија. Од Renault велат дека веќе се воведуваат мерки потребни за усогласување со меѓународните санкции. Поради овие мерки, Renault групацијата на соодветен начин ќе ги прилагоди финансиските прогнози за 2022 година.
https://youtu.be/21aLDfPVYRo
Renault се двоумеше околу запирањето на своите активности во Русија, бидејќи земјата се закани дека ќе ги национализира фабриките на компаниите во странска сопственост кои одбираат да го напуштат пазарот. Како последица на ова, Групацијата Renault ја ревидираше својата маржа на оперативната групација од 4 на 3 проценти. Немонетарните корекции во износот на сметководствената вредност на консолидираните нематеријални средства, недвижности, постројки и опрема и гудвил ќе се евидентираат кога ќе се објават резултатите за првиот квартал од 2022 година. На 31 декември 2021 година, оваа вредност беше 2,195 милиони евра.
Севкупно, Renault има околу 30% од целиот руски автомобилски пазар, што претставува 8% од основната заработка на марката. Rеnault е одговорен и за вработување на 45.000 луѓе во Русија, а моментално ги произведува Duster, Kaptur и Arkana во фабриката во Москва, како и Nissan Terrano.
Русија неделава ќе донесе одлука за фабриката во Москва
Властите во Русија ќе одлучат каква ќе биде иднината на фабриката на француската марка во Москва до крајот на следната недела, кратко откако компанијата најави дека ќе ги запре своите активности.
„Министерството за Индустрија и Трговија ќе разговара за можноста за развој на фабриката Renаult Russia со владата во Москва. Заедничките решенија ќе бидат објавени до крајот на следната недела. Министерстворо за Индустрија и Трговија е во постојан контакт со раководството на Avtovaz и Renault групацијата“, изјавија од Кремљ.