fbpx

Alpina B4 Gran Coupe дебитира со 495 КС

Компанијата Alpina го претстави целосно новиот B4 Gran Coupe, како перформансна варијанта на BMW Серија 4

B4 Gran Coupe е првиот производ на Alpina, откако беше обелоденето дека BMW ќе преземе целосна контрола над компанијата која е долгогодишен соработник на баварскиот гигант.

Инаку, BMW во април минатата година јасно истакна дека нема да понуди M варијанта на Серија 4 Gran Coupe. Но, Alpina одлучи дека овој модел заслужува перформансна верзија и оттаму B4 Gran Coupe дебитира со цел да ја пополни празнината на пазарот.

Alpina B4 Gran Coupe

Од дизајнерска гледна точка, B4 Gran Coupe се разликува во однос на Серија 4 Gran Coupe благодарение на предниот и задниот спојлер, како и сетот на препознатливите 20-инчни Alpina Classic тркала со карактеристичниот дизајн од 20 краци. Секое тркало сега тежи само 12 килограми, што на намалува ротационата маса за подобар квалитет при возењето.

Најголемата промена е под хаубата

Најголемите промени секако пристигнуваат под хаубата. Alpina инсталираше 3,0-литарски шестцилиндерски мотор кој испорачува максимална моќност од 495 КС и 730 Nm максимален вртежен момент, кои се испраќаат на двете оски преку осумстепен ZF автоматски менувач и xDrive системот за погон на сите четири тркала. Овие бројки се за 33 КС и 30 Nm повисоки од истиот базичен мотор кој се наоѓа кај постоечкиот B3 седан. Благодарение на ова, B4 Gran Coupe се позиционира меѓу „обичните“ BMW M3 и M4 и помоќните Competition верзии. Спринтот од место до „стотка“ се стигнува за само 3,7 секунди, а максималната брзина е 301 километар на час.

Alpina B4 Gran Coupe

Уште едно унапредување во однос на стандардната Серија 4 Gran Coupe е Sport Suspension на Alpina. Компанијата вели дека направила значителни промени на системот на потпирање и калибрацијата на шасијата и достигнала високо ниво на возачки динамики без притоа да се компромитира удобноста на возењето.

Стандардно, моделот е поставен на Pirelli P Zero високоперформансни пневматици со произвоствен код ALP, што јасно посочува дека станува збор за пневматици специјално развиени за новиот Alpine B4 Gran Coupe.

Alpina B4 Gran Coupe

Alpina веќе прима нарачки за новиот B4 Gran Coupe, а првите испораки се очекуваат во јули годинава. Почетната цена во Германија е 91.800 евра.

Поврзани вести

Back to top button