fbpx

Renault го продаде AvtoVAZ на руски научен институт

Француски Renault ќе го префрли својот удел во AvtoVAZ, производителот на Lada, на рускиот автомобилски истражувачки институт NAMI

Компанијата Renault одлучи да ги префрли своите 68 проценти удел во најголемиот руски автомобилски производител AvtoVAZ, на рускиот автомобилски истражувачки институт NAMI за симболична сума од само една рубља, што е најнов пример за преземањето на локалните институции за симболични цени и напуштањето на западните компании од Русија. NAMI е оформена пред повеќе од еден век и е водечка научна организација во полето на развојот на автомобилската индустрија.

Министерството за трговија исто така истакна дека фабриката на Renault во Москва, која произведува автомобили под брендовите Renault и Nissan, ќе биде префрлена на локалната градска власт.

На Renault му останува можноста да го врати AvtoVAZ во свој посед во период од пет или шест години доколку го посака тоа, но за значително повисока цена од оваа по која го продава.

„Ако во овој период ние направиме инвестиции, тогаш тоа ќе биде земено во предвид и пресметано во вкупната сума. Нема да има никакви подароци“, изјави рускиот министер за трговија, Денис Мантуров, а пренесува Automotive News Europe.

Renault за првпат се здоби со акции во AvtoVAZ во 2008 година со иницијален удел од 25 проценти, вредни повеќе од една милијарда долари. Брендот постепено го зголемуваше својот удел во рускиот производител пред целосно да биде консолидиран во нивниот баланс во 2017 година. Со така голем удел, Renault е најзастапениот западен бренд во Русија, а неодамна истакна дека ќе ги суспендира своите активности во земјата поради притисоците од западните влади и јавноста.

 

Поврзани вести

Back to top button