fbpx

Project Thunderball е првиот целосно електричен модел на Wiesmann

Компанијата Wiesmann повторно се враќа на сцената со својот прв целосно електричен спортски автомобил наречен Project Thunderball

Германскиот производител на спортски автомбили Wiesmann, познат по своите ретро роудстери со BMW мотори, го претстави својот прв целосно електричен модел наречен Project Thunderball. Овој електричен роудстер, кој го одбележува враќањето на Wiesmann на автомобилската сцена по многу години, го продолжува наследството на двоседите со погон на задните тркала како своите претходници, притоа добивајќи ја напредната 800-волтна технологија.

Wiesmann го опишува Project Thunderball како „првиот целосно електричен роудстер на светот“. Моделот го задржува препознатливиот дизајн на компанијата со каросерија целосно направена од карбон. Препознатливата решетка на брендот е поставена на хаубата единечната clamshell хауба, додека округлите фарови се поставени на мускулестите предни крила.

Wiesmann не открива многу детали околу шасијата на моделот, но електричниот погон е развиен во соработка со Roding Automobile. Електричните мотори кои се поставени на задниот дел испорачуваат вкупно 680 КС и 1.100 Nm вртежен момент. Така, и покрај тоа што тежината изнесува повеќе од 1.700 килограми, соодносот на моќност и тежина е 2,5 килограми по КС. Моќноста се пренесува на задните тркала, а Wiesmann најавува дека спринтот до „стотка“ ќе се достигнува за 2,9 секунди.

800-волтната батерија има капацитет од 92 kWh, овозможувајќи проценет опсег на движење од 500 килограми. Покрај 22 kW стандардниот полнач, електричниот Wiesmann пристигнува и со 300 kW брзополначки способности. Полнењето може да се изврши и попат благодарение на новиот Wiesmann Intelligent Regenerative Braking System со пет различни нивоа поставени преку сет на лопатки поставени зад управувачот.

Во внатрешноста се наоѓаат седум аналогни инструменти на контролната табла, следејќи го препознатливиот дизајнерски елемент на претходните Wiesmann модели. Во електричната ера, тие се комбинирани со дигитален инструмент кластер и инфозабавен екран на допир поставен подолу на централната конзола. Кабината е обложена со кожен тапацир и карбонски акценти за егзотичен изглед. Меѓу останатите карактеристики се истакнуваат тенките спортски седишта и кожните рачки на внатрешниот дел од вратите.

Project Thunderball ќе се произведува во фабриката во Дулмен, Германија и ќе биде глобално достапен моодел. Wiesmann вели дека планира да го задржи производството на 1.000 единици.

Поврзани вести

Back to top button