SP48 Unica е новиот извонреден уникат на Ferrari
Најновата специјална нарачка комплетирана од страна на одделот за специјални проекти на Ferrari е SP48 Unica, суперавтомобил со V8 мотор
Најновата специјална нарачка комплетирана од страна на одделот за специјални проекти на Ferrari е SP48 Unica, суперавтомобил со V8 мотор
Ferrari се пофали со својот најнов уникатен и единечен примерок кој го носи името SP48 Unica. Креиран за и со помошта на неименуван долгогодишен клиент, SP48 Unica е базиран на F8 Tributo, автомобил кој своите корени ги влече од 458 Italia лансиран во 2009 година. Но, сеопфатната визуелна трансформацција овозможува лесно да се забележи дека под извајаните панели се крие нов 296 GTB.
Елегантната предница се одликува со фарови кои повеќе потсетуваат на оние кај Roma и 296 отколку на F8, вклучително и необичната долна решетка во боја на каросеријата, која исто така е потсетник на моделот Roma. Предниот дел се одликува со длабоки вентили кои се ослободуваат од воздухот кој влегува преку решетката, а предното стакло го обвива автомобилот, илузија креирана пред се благодарение на црните А-столбови.
Уникатен дизајн на задниот дел
Сепак, задниот дел е оној кој привлекува најголемо внимание и по кој овој SP48 Unica модел се разликува во однос на останатите. Пред се поради тоа што автомобилот воопшто нема задно стакло. Тоа значи дека возачот нема шанса да го види моторот, или било што што се случува зад него преку ретровизорот, ниту пак обичните минувачи можат да погледнат во пределот кај моторот од надвор. Сепак, визуелно, ова делува како полн погодок. Предниот и задниот дел од автомобилот се поврзани заедно преку централен „р’бет“ кој се претопува од црна кон црвена боја.
Традиционалните четири задни светла на Ferrari и понатаму се присутни, но сега формираат дел од хоризонтална LED лента која се протега низ задниот дел на автомобилот лоцирана во овална форма креирана меѓу малиот фиксиран спојлер поставен над нив.
Ferrari не објави фотографии од ентериерот, но истиот е многу малку променет во однос на автомобилот кој ја има улогата на донор за овој проект. Од Маранело истакнуваат дека покрај отстранувањето на задното стакло, SP48 Unica добива и ласерски перфориран Алкантара тапацир со шестоаголнимотиви „ископирани“ од предната решетка и покривот.
Нема информации за механички унапредувања, што значи дека SP48 Unica ги има истите F8 Tributo стандардни 720 КС кои произлегуваат од битурбо 3,9-литарскиот V8.