fbpx

LvChi Urano со 707 КС

Новиот кинески производител на електрични возила - компанијата LvChi, претстави на специјална манифестација во Шангај купе со 4 врати, кое го носи името Urano

Сериската верзија на моделот ќе се појави во 2019 година, а само со едно полнење ќе може да мине 690 километри.

LvChiМоделот LvChi Urano е опремен со два електромотори, со вкупна моќност од 707 КС и 900 Nm вртежен момент.

Времето за забрзување од 0 до 100 km/h е 3,5 секунди. Електричниот автомобил може да се напојува од две ултра-брзи станици за полнење и безжични уреди.

Во опремата на каросеријата влегува модул за препознавање на лица и гласови, дигитален инструмент-панел, 12,3-инчен дисплеј за управување на основните функции на возилото и мултимедијален систем со широк екран, кој го зазема целиот преден дел.

Седиштето на LvChi се наоѓа во Шангај, но дизајнерското студио е со седиште во Италија. Се планира да се отвори фабрика во Чангчун, во Кина, во средината на 2019 година, за производство на 50.000 автомобили годишно.

До 2021 година, компанијата ќе понуди вкупно 8 модели. Тоа се сериската верзија на Urano, седан, два кросовери, миниван, седан со средни димензии и два градски автомобили.

Поврзани вести

Back to top button