fbpx

Maserati го претстави MC20 Cielo Spyder

Италијанската марка го претстави новиот MC20 Cielo, кабрио верзијата на новиот MC20 суперавтомобил

По претставувањето наMC20, дојде ред и на Spyder верзијата која го носи името MC20 Cielo. „Cielo“ на италијански значи небо, што е повеќе од соодветно име за суперавтомобилот кој само со допир на копче може да го собере својот тврд покрив за 12 секунди, а Webasto стаклениот покривен панел може да се претвори од проѕирен во заматен само со допир на копче.

Maserati MC20 Cielo

Од Maserati велат дека термички изолираниот стаклен панел може да ја смени неговата непроѕирност на температури меѓу -30 до 85 степени целзиусови. Кога ќе се повлече, покривот се складира под новата цврста плоча на капакот на задната палуба што значи дека не можете да го видите 3.0-литарскиот би-турбо V6 што е видлив под чистиот прозорец кај купе верзијата на MC20. Но, во согласност со отворите во форма на трозабец на задниот прозорец на купето, задната палуба на Cielo може опционално да биде украсена со џиновски натпис на логото на Maserati направено од мат титаниум.

Maserati MC20 Cielo

Конверзијата од купе во кабрио значеше и додавање на неколку килограми кај MC20 Cielo, но од Maserati велат дека го ограничиле максималното зголемување на 65 килограми, што доведува до максимална тежина на MC20 Cielo од 1.540 килограми. Со оглед на тоа дека Nettuno моторот ги испорачува истите 630 КС и 730 Nm како купето кои се пренесуваат до тркалата преку осумстепениот менувач со двојна спојка. Но, забрзувањето до „стотка“ изнесува 3,0 секунди наместо 2,9, а од место до 200 км/ч стигнува за 9,2 наместо 8,8 секунди.

Уникатни обележја

Максималната брзина која Maserati ја истакнува е „над 320 километри на час“, што е помалку од декларираните „над 325 км/ч“ кај купе варијантата. MC20 Cielo споделува неколку унапредувања кои беа претставени кај купе моделот за 2023 моделската година, вклучително и алуминиумски бандажи со римски бројки, опционални лесни карбонски тркала, стандарден Алкантара управувач кој може да се замени со карбонска верзија.

Ажуриран е и ротациониот бирач за режим на возење на тунелот, кој сега има дигитална подлога за допир во центарот. Екранот покажува кој од петте достапни режими (влажен, GT, Sport, Corsa, ESC Off) е избран, а со еден потег на прстот може да се реконфигурира ротирачкото копче за да се овозможи избор на поставките на системот на потпирање.

Maserati подготви и специјална нијанса на сина боја наречена Acquamarina и ќе пристигне со PrimaSerie Launch Edition за која ќе бидат произведени 60 автомобили, а покрај бојата и тркалата ќе добијат златен финиш и PrimaSerie беџови.

Цената на новиот MC20 Cielo се уште не е објавена, а Maserati најави дека наскоро истата ќе биде откриена.

Поврзани вести

Back to top button