fbpx

Хибридните модели на Renault добија E-Tech Engineered Edition верзии

Renault подготви специјални верзии за сите свои хибридни модели наречени E-Tech Engineered Edition, инсипирирани од новиот Megane

Renault го лансираше E-Tech Engineered Edition за електрифицираните верзии на Clio, Captur, Arkana и Megane (хечбек и караван), со стилски знаци инспирирани од новиот, целосно електричен Megane E-Tech.

Додека специјалното издание на старата генерација на Megane инспирирано од неговиот ЕВ звучи навистина необично и чудно, заедничкото нешто меѓу избраните модели е електрифицираниот погон. Поконкретно, ова E-Tech Engineered Edition издание е достапно за самополначките E-Tech Hybrid варијанти на Clio, Captur и Arkana и за E-Tech Plug-In Hybrid варијантите на Captur и Megane (хечбек и караван).

Renault E-Tech

Моделите добиваат Warm Titanium акцентите на предниот браник, страничните прагови, страничните перки и задните дифузери/издувни цевки, заедно со специјална ознака на предните браници и соодветна Е-Тесh значка на задната врата. Амблемот на Renault и буквите одзади се финиширани во црна боја, како и решетката и доводите на браникот. Сетот од алуминиумски тркала со пет краци го подобруваат спортскиот став, со Warm Titanium ленти на еден од краците.

Renault E-Tech

Додека сите модели имаат сива надворешна нијанса на фотографиите кои ги објави компанијата, Renault рече дека тие ќе бидат достапни во поголем опсег на бои. Внатре во кабината има Warm Titanium шевови на седиштата, вратите и воланот, кои одговараат на елементите за украсување на контролната табла. Воланот е означен со буквата Е, а праговите на вратите добиваат буква „E-Tech Engineered“.

Специјалните E-Tech Engineered Edition изданија на Renault Clio, Arkana и Megane, дизајнирани со E-Tech се веќе достапни почнувајќи од нивниот домашен пазар во Франција, а Captur ќе следи подоцна.

Поврзани вести

Back to top button