fbpx

Cupra со концепт го најави новиот UrbanRevel електричен автомобил

По најавите за производство на електричен автомобил кој ќе биде подостапен за јавноста, Cupra го претстави концептот за престојниот UrbanRebel

Претстојниот субкомпактен електричен хечбек на Cupra направи уште еден чекор кон производството со најновиот концепт UrbanRebel. Претходно прикажан како шоу автомобил, електричното возило сега се претставува како пореален модел кој е соодветен и за јавни патишта.

„UrbanRebel е повеќе од само автомобил за Cupra. Ова е моделот што ќе ја демократизира урбаната електрична мобилност. Докажуваме дека електричните автомобили не мора да бидат здодевни. Ова ќе биде влез на следната генерација во нашата палета“, истакна Вејн Грифитс, извршен директор на Cupra.

Придвижуван од електричен мотор со 226 КС, автомобилот ќе се базира на MEB платформата, како што е случајот и со Born и VW ID.3. Сепак, за разлика од тие модели, електричниот мотор на UrbanRebel ќе ги придвижува само неговите предни тркала.

Благодарение на употребата на лесни материјали, со оглед на тоа дека од Cupra велат дека користеле 3D печатени и 3D плетени производни процеси за да го направи овој концепт, возилото ќе може да го достигне спринтот од нула до „стотка“ за само 6,9 секунди.

Cupra, исто така, тврди дека UrbanRebel, и покрај тоа што е долг само 4.030 милиметри, ќе може да помине до 440 km со едно полнење. Поголемиот Cupra Born, за споредба, има опсег на движење до 539 километри според WLTP.

Кога станува збор за внатрешноста, тука јасно може да се забележи дека Cupra сака UrbanRebel да биде премиум компактен. Со голем, заоблен инфозабавен екран и разработен инструмент кластер, автомобилот се одликува со навистина импресивна технологија. Воланот, пак, има копчиња слични на џојстик за видео-игри, што сугерира дека фокусот ќе биде ставен на помладата публика.

Cupra UrbanRebel

Од Cupra велат дека концептот што е прикажан 95 проценти го претставува сериското возило што ќе биде лансирано во 2025 година. Според најавите, UrbanRebel ќе се произведува во Марторел, Шпанија.

„Ова ќе биде влез на следната генерација во нашата палета. Емотивно, секси и забавно за возење и во исто време достапно“, истакна рече Грифитс.

За првпат прикажан и новиот Terramar

Покрај UrbanRebel, Cupra го претстави и Terramar SUV моделот за првпат. Првиот електрифииран SUV на компанијата ќе се произведува во Унгарија.

Иако не откри детали, моделот ќе пристигне во 2024 година, а понудата ќе биде сочинета од мотори на внатрешно согорување и plug-in хибриди. Последната верзија ќе нуди уште повеќе опии и поголем опсег на движење, притоа Сupra ветува и до 100 километри само на струја. Брендот исто така вети и дека неговата E-Hybrid гама ќе се фокусира на перформансите и современиот спортски дух.

Поврзани вести

Back to top button