Opel лансира специјален примерок на Corsa за 40-годишнината
Оригиналната Corsa А беше претставена во 1982 година, а по повод 40 години од претставувањето, Opel лансира специјално издание со ретро елементи
Opel го претстави специјалното издание на Corsa во чест на 40-годишнината од лансирањето на автомобилот. Моделот зад себе има четириесет години, шест генерации и вкупно производство од 14 милиони единици откако првата Corsa беше претставена во 1982 година. Специјалната Corsa 40 Years ќе се произведе во 1.982 примероци како потсетник на оригиналот.
Новиот модел е ексклузивно достапен во „Rekord Red“ боја, инспирирано од сличната црвена нијанса како на првата генерација на Corsa A. Во новиот модел тој е комбиниран со црна завршница за покривот, ретровизорите, маската и амблемите. Има и впечатив сет од 17-инчни алуминиумски тркала обработени во сјајна црна боја со мат сиви инсерти.
Внатре во кабината се наоѓа тапацир со тартан со ретро изглед за спортските седишта инспирирани од Vauxhall Nova SR од 80-тите. Opel подготви и интересен подарок, па така секој автомобил доаѓа со пар чорапи од тартан во ограничено издание достапни и во мали и во големи димензии, така што сопствениците ќе можат да бидат целосно опремени кога ќе го возат својот нов автомобил.
На контролната табла има и нумерирана плоча со амблем од 40 години. Опремата вклучува LED светла, греење на седиштата, греење на управувачот, 7-инчен мултимедијален радио инфозабавен систем, камера за движење наназад, предни и задни сензори за паркирање плус неколку дополнителни системи за асистенција на возачот.
Opel Corsa 40 Years ќе се нуди на одредени пазари во Европа почнувајќи од следните недели.