Премиера за VW ID.Aero, новиот луксузен електричен седан
Volkswagen премиерно го претстави концептот ID.Aero кој го најавува престојниот продукциски луксузен електричен седан
Volkswagen го претстави ID.Aero, првиот целосно електричен луксузен седан на брендот и електричен наследник на Passat. По електричните кросовер модели како ID.4 и ID.5, хечбекот ID.3 и ID. Buzz минивенот, ID.Aero е фастбек со четири врати што ќе се произведува во Кина за кинескиот пазар од 2023 година. Но истата година Volkswagen ќе објави верзија прилагодена за американските и европските купувачи која ќе се произведува во Германија во фабриката во Емден.
Од Volkswagen новиот ID.Aero, кој всушност е концепт, го опишуваат како премиум седан со средна големина за кинески семејства од високата класа, ID. Aero го пренесува постоечкиот дизајнерски јазик на ID во форма на седан во купе стил со долго меѓуоскино растојание што ветува поголем внатрешен простор. Највпечатливите карактеристики на предниот дел се неговите тенки LED Matrix фарови и светлосните шипки што се протегаат низ ширината на носот, додека задниот дел исто така добива светлосен третман со целосна ширина.
Профилот открива изразен удар во линијата на половината, нешто што не се гледа во автомобилите на VW на гас, а изненадувачки заоблените лакови се наполнети со тркала од 22 инчи со дизајн на турбина. Што се однесува до внатрешноста, од VW не не споделија никакви фотографии, па засега тоа останува само плод на нашата фантазија.
Каросеријата на Aero одговара на името на автомобилот поради неговиот коефициент на отпор од 0,23. Изграден е околу истата архитектура на електрични возила MEB која се наоѓа кај другите модели на Volkswagen. Моделот има батерија од 77 kWh и, иако VW не открива многу за моторите, веќе се претпоставува дека достапни ќе бидат истите оние кои се на располагање кај останатите електрични возила на марката.
Нема достапни бројки за перформансите, но Volkswagen го истакнува опсегот до 620 километри според WLTP, што го прави ID.Aero значително подобар во однос на „братските“ модели од VW.