fbpx

Volkswagen премиерно го покажа новиот Amarok

Развиен од темел, целосно новиот пикап Volkswagen Amarok практично нема ништо заедничко со неговиот претходник

Volkswagen ги откри целосните детали за втората генерација на пикап моделот Amarok. Камиoнетот кој доаѓа со „body-on-frame“ каросерија е споделува голем број елементи со новиот Ford Ranger, благодарение на соработката на двата производители, вклучително и T6 платформата на „Синиот овал“ но дизајнерскиот тим на VW работеше напорно за да направи дистинкција меѓу двата модели, давајќи му на Amarok додаток на предниот браник во облик на X под тркалезниот круг на VW, стандардни LED Matrix фарови кои се стеснуваат во горните браници и уникатни задни светлосни групи, а на задната врата се наоѓа натписот „AMAROK“.

Поголема носивост и поголеми димензии

Овој нов Amarok е секако позабавен за гледање од претходниот, а исто така е и поголем. Меѓуоскиното растојание порасна за 173 милиметри, па сега изнесува 3.270 мм, за што VW вели дека дава повеќе простор, особено за патниците на задните седишта, во случај да се одлучите за опционалниот распоред со двојна кабина во однос на стандардниот дизајн со една кабина. Но, вкупната должина порасна само за 96 мм, бидејќи предното и задното надвиснување се намалија, што заедно со зголемувањето на длабочинскиот од од 500 мм на 800 мм треба да го направи возилото да биде покорисно во оф-роуд авантурите. Хардверот 4-Motion на VW со погон на сите тркала ќе биде стандарден на некои пазари, опционален на други, и доаѓа во изборни или постојани форми со погон на сите тркала и со шест режими на возење кои ќе ви помогнат да се движите по незгодниот терен.

Но, дури и ако никогаш не го напуштите асфалтот, новиот Amarok треба да се покаже покорисен од својот претходник. Со капацитет за влечење од 3.500 килограми, максималната носивост е зголемена од 1.000 кг на 1.160 кг, а како и со стариот пикап камионет, можете да го заштитите вашиот товар од љубопитните очи со електрично управувана ролна покривка. Дури и покривот е дизајниран за максимална практичност. Има статичка носивост од 350 килограми, што му овозможува на VW да понуди покривен шатор за четири лица како опција.

Volkswagen Amarok 2023

Широка моторна постава

Поставата на мотори малку се менува во зависност од пазарот, а како што може и да се очекува, од VW истакнаа дека сите достапни мотори се специјално подесени за вртежниот момент. Понудата започнува со верзија од 170 КС, а купувачите можат да одберат и би-турбо дериват кој го зголемува до 209 КС. Врвната дизел опција е 3,0-литарски V6 со 241 КС или 250 КС во зависност од пазарот, но најмоќниот Amarok од сите и единствениот бензински мотор во линијата е 2,3-литарскиот турбо четирицилиндричен Ford EcoBoost кој произведува 302 КС. Некои модели со пониски спецификации ќе добијат опција за мануелен менувач, но сите модели со нешто над 200 КС доаѓаат со 10-степен автоматик, кој го заменува осумстепениот кој се наоѓаше на стариот модел.

Volkswagen Amarok 2023

12-инчен екран на допир, 20 помагала за помош на возачот

Веројатно најголемата промена во однос на стариот Amarok, сепак, не е бројот на преносни односи, туку драстично подобрената внатрешност и количината на луксуз и безбедносен комплет што се нуди. Кои точно додатоци ќе ги добиете ќе зависи од тоа кој модел и ниво на опременост од опсегот Amarok ќе се избере – Amarok, Life, Style, Panamericana или Aventura. Сепак, треба да се истакне дека новиот Amarok има нов дигитален инструмент кластер и 12-инчен систем за инфозабава на сите модели со средни спецификации, па погоре, плус 20 нови системи за помош на возачот, вклучително и адаптивен темпомат со препознавање на патните знаци за прв пат кај Amarok.

Volkswagen Amarok 2023

Производството на новиот Amarok ќе започне во септември во Јужна Африка.

Поврзани вести

Back to top button