fbpx

Викенд тарифа: Porsche 918 Spyder против Red Bull MotoGP мотоцикл

Иако MotoGP мотоциклите се импресивни, сепак не е сеедно кога против себе имаат хиперавтомобил како Porsche 918

Кога станува збор за импресивните машини за мотоспорт, тешко е да се надминат мотоциклите кои се користат во тркачката серија MotoGP. Овие тркачки мотоцикли го претставуваат врвот на технологијата создадена за совладување на некои од најтешките тркачки патеки низ светот.

MotoGP мотоциклот претставен во оваа драг трка е од Red Bull KTM Factory Racing Team. 2017 година беше дебитантска сезона за тимот бидејќи се движеше на теренот за да се бори за пласмани на подиумот. Red Bull KTM Factory Racing Team е придвижуван од 1.000cc V4 мотор кој произведува 270 коњски сили и неверојатни 18.500 вртежи во минута. Овој моќен мотор е поврзан со 6-брзински секвенцијален менувач за беспрекорни менувања. Рамката е составена и од челик и од јаглеродни влакна со тежина од само 157 килограми.

Противник на овој мотоцикл е еден од најимпресивните Porsche модели некогаш направени, Porsche 918 Spyder. Овој хибриден хиперавтомобил дебитираше во 2010 година, а производството започна во 2013 година. Овој иновативен хиперавтомобил ја комбинира моќта на атмосферскиот V8 со пар електрични мотори за да создаде хибридна машина способна за извонредни перформанси.

Поврзани вести

Back to top button