Новата Opel Astra Sports Tourer – Успешен караван со долга традиција
Околу 25 милиони продадени автомобили Opel Kadett и Opel Astra - 5,8 милиони од нив караван – е навистина импресивна бројка.
Компактните возила на Opel им овозможија на многумина да имаат свое возило, особено во економски тешки времиња. Со секоја генерација на модели, Opel, исто така, ги направи технологиите од повисоките сегменти на возила достапни за многу купувачи на автомобили – како што тоа го правеше со секој производ на Opel 160 години, од машини за шиење и велосипеди до мотоцикли и автомобили. Во исто време, производителот продолжува да ги комбинира иновациите од повисоките класи со динамичен дизајн.
Претставувањето на целосно новата Astra Sports Tourer во јубилејната година на Opel го означува почетокот на една нова ера во историјата на компактната класа на брендот. Новата Astra Sports Tourer е првиот караван на Opel што го има новото лице на брендот Oрel визорот и дигиталниот кокпит Pure Panel, како и стилска двобојна завршна обработка како опција. Дополнително, ја продолжува електричната офанзива на Opel. Новата Astra Sports Tourer е првиот караван на Opel што ќе биде електрифициран – веќе сега како plug-in хибрид, а следната година, исто така, како верзија со електрична батерија.
Но, се започна со Kadett A Caravan во 1963 година. Oрel го претстави својот прв караван од компактна класа и брзо стана лидер во сегментот на пазарот. Оттогаш, автомобил „како лесно комерцијално возило“ беше дел од секоја нова генерација на Kadett и Astra. Astra H (2004-2010) беше последниот компактен Oрel што го носеше името Caravan до крајот на производството.
Во меѓувреме, караваните сè повеќе се менуваа од типични алатки за занаетчии до возила за секојдневна употреба. Според тоа, секој караван на Astra се нарекува Sports Tourer од 2010 година.