fbpx

VW не се откажува од конвенционалните мотори, го претстави новиот 1.5 TSI evo2

Volkswagen не се откажува од развојот на моторите на внатрешно согорување и покрај ЕВ амбициите, а доказ за тоа е и новиот агрегат 1.5 TSI evo2

Volkswagen го објави најновиот производ меѓу своите бензински погонски единици, со најновиот 1.5 TSI evo2 кој носи поголема ефикасност и помали емисии. Почистиот мотор ќе биде воведен во фејслифтираните теренци T-Roc и T-Roc Cabriolet, пред да се најде во голем број модели од различни марки на VW Групацијата.

1,5-литарскиот четирицилиндричен TSI evo2 мотор со турбополнач произведува 150 КС, бројка идентична со неговиот претходник. Сепак, VW рече дека ќе следат понатамошни варијанти со навестување на различни излезни моќности. Во plug-in хибридна поставка, 1.5 TSI evo2 во комбинација со електрични мотори може да произведе до 272 КС. Моторот исто така е дизајниран да биде компатибилен со „горива со обновлива содржина“, што веројатно укажува на варијантата TGI со погон на CNG. VW не го прецизираше намалувањето на емисиите и потрошувачката на гориво во однос на претходниот 1.5 TSI.

Како што кажува неговото име, 1.5 TSI evo2 е еволуција на 1.5-литарскиот бензински мотор на групата. Агрегатот со четири цилиндри со турбополнач е направена уште поефикасна со поместување на тринасочниот катализатор и филтерот за честички на бензинот во единствениот модул за контрола на емисијата инсталиран во близина на моторот. Тоа ѝ овозможи на VW помалку да се потпира на ретки метали, истовремено дозволувајќи и на компанијата да биде подготвена за построгите регулативи за емисиите кои неизбежно ќе пристигнат кон крајот на оваа деценија во Европа.

ACTplus

Официјално наречен Active Cylinder Management систем, технологијата за деактивирање на цилиндрите сега еволуираше во системот ACTplus. Тој нуди послаб премин од четири на два цилиндри и обратно. Дополнително, опсегот на работа е продолжен бидејќи вториот и третиот цилиндар не се палат кога моторот работи при мали и средни оптоварувања и брзини. VW вети дека „префрлувањето е тешко забележливо“ за да обезбеди непречено функционирање.

Дури и во соопштението за печатот во кое се зборува за нов мотор со внатрешно согорување, VW потсети дека ЕВ проектите ќе учествуваат со 70 проценти од целата продажба до крајот на деценијата. Бидејќи целосното префрлување на електрична енергија нема да се случи преку ноќ, преостанатите мотори на внатрешно согорување ќе се ажурираат за да ги исполнуваат регулативите на Euro 7 за да продаваат автомобили во земјите каде што конвенционалните мотори остануваат популарни. Германскиот производител на автомобили признава дека инфраструктурата за полнење не е доволно созреана во некои региони поради што возилата со конвенционален погон засега остануваат значително присутни.

Поврзани вести

Back to top button