VW го разреши Херберт Дис, Оливер Блуме нов шеф на Групацијата
Volkswagen донесе изненадувачка одлука да го смени Херберт Дис од позицијата претседател на Управниот одбор на Групацијата
Промените во Volkswagen не стивнуваат, а иститесега стигнаа и до највисоката лидерска позиција бидејќи Надзорниот одбор на компанијата го назначи Оливер Блуме за нов претседател на Управниот одбор на Групацијата. Блуме ќе ја преземе функцијата на 1 септември, а истовремено ќе остане и претседател на Управниот одбор на Porsche. Во исто време, Херберт Дис ќе поднесе оставка „со меѓусебен договор“.
Останува нејасно како се решени работите интерно, но Дис беше под притисок речиси една година и Извршниот комитет на Надзорниот одбор се состана минатата година за да одлучи за неговата иднина. Дис ја преживеа таа борба, но се чини дека беше залудна бидејќи сега е дефинитивно отпишан.
Заслугите на Дис се огромни
Оставајќи ги настрана внатрешните борби, Ханс Дитер Поч, претседател на Надзорниот одбор, му се заблагодари на Дис и улогата што ја одигра во трансформирањето на Volkswagen во гигант на полето на електричните автомобили. Како што изјави тој, „За време на неговиот мандат како претседател на Управниот одбор на брендот Volkswagen за патнички автомобили и како претседател на Управниот одбор на Групацијата, Херберт Дис одигра клучна улога во унапредувањето на трансформацијата на компанијата. Групацијата и нејзините брендови се остварливи за иднината; неговите иновативни способности и моќта за заработка се зајакнати“. Тој додаде дека извршниот директор во заминување не само што ја водел компанијата „низ екстремно турбулентни води, туку и спроведе фундаментално нова стратегија“.
На неговите зборови се надоврзаа од Надзорниот одбор од каде истакнаа дека Дис „дошол до голем број иновативни идеи за производи, ги редизајнирал портфолијата на производите и воспоставил јасен фокус на електромобилноста“. Тие, исто така, му припишуваат „револуционерни пристапи засновани на платформа, како и организациски промени кои резултираа со поголема регионална независност.
Додека одборот нудеше блескави пофалби, Дис направи голем број непријатели за време на неговиот четиригодишен мандат на врвот. Конкретно, Reuters цитира извори кои велат дека моќните семејства Порше и Пиx „притискаа за промена на врвот“. Се чини дека тие го добија своето бидејќи публикацијата забележа дека договорот на Дис не истекува до 2025 година.
Дис ја загуби поддршката одвнатре
Иако 63-годишниот Дис, кој дојде да ја води марката Volkswagen од BMW во 2015 година, долго време се расправаше со претставниците на синдикатот на компанијата, напорите да се ослободи од извршниот директор на крајот успеаја кога тој ја загуби непоколебливата поддршка од семејството Порше, кое поседува мнозински удел во компанијата.
Семејството, каде поранешниот извршен директор Фердинанд Пих беше истакнат член, долго време ја поддржуваше храбрата визија на Дис за компанијата, и покрај неговите чести конфронтации со другите. Сепак, на крајот, извршниот директор не доби доволно сојузници и стана сè поизолиран.
„Заминувањето на извршниот директор Херберт Дис не треба да биде изненадување со оглед на тоа колку тој стана маргинализиран во последниве месеци“, напиша Филип Хучоа, аналитичар на Jefferies, во извештајот за Bloomberg.