VW, Seat и Škoda ќе споделуваат повеќе компоненти во иднина
Трите најпродавани марки на VW Групацијата, Volkswagen, Škoda и Seat, ќе споделуваат уште повеќе компоненти под уникатно дизајнираните екстериери
Групацијата Vokswagen ќе користи заеднички делови во идните модели на нејзините основни брендови, VW, Seat и Škoda, со цел дополнително да ја зголеми ефикасноста за 20 проценти благодарение на поголемиот дел од заедничкиот развој и производство.
Германската групација е пионер во споделувањето на платформи помеѓу модели со различни големини и различни брендови, но Томас Шефер, шефот на VW, сака да ги поедностави работите уште повеќе во иднина. Како што објави Bloomberg, Шефер истакна: „Во минатото губевме премногу време преокупирани еден со друг. Конкуренцијата е надвор, не е во рамките на компанијата“, истакнувајќи ја идната стратегија за брендовите кои живеат под ист чадор.
Според извршниот директор, разликата помеѓу основните брендови на VW Групацијата ќе биде фокусирана на дизајнот. Во минатото, VW, Škoda и Seat споделуваа многу повеќе од платформи и мотори, при што моделите како VW Up!, Škoda Citigo и Seat Mii триото беа одличен пример за беџ-инженерство. Другите роднински модели како VW Polo, Seat Ibiza и Škoda Fabia имаат уникатен надворешен и внатрешен дизајн кој го следи стилскиот јазик на секоја марка, додека споделува сè друго под површината.
Поголема заштеда, поголеми вложувања во ЕВ
Нешто слично се очекува и за претстојните VW Passat и Škoda Superb модели, кои би можеле да бидат уште потесно поврзани во потрагата по намалување на трошоците. Во тој контекст, производната линија на двата модели ќе се пресели од Германија и Чешка во една фабрика во Словачка.
VW, Škoda и Seat сочинуваат околу 80 отсто од глобалната продажба на Групацијата, што значи дека целното зголемување на ефикасноста од 20 отсто би резултирало со голема заштеда. Целта на групацијата VW е да ги насочи тие пари за развој на електрични возила, така што тие ќе бидат поконкурентни против ривалите, вклучувајќи ги компаниите со една марка како Tesla или групите со повеќе брендови како Stellantis. Пример е проектот Trinity, асортиман на претстојни ЕВ кои ќе дебитираат во 2026 година, произведени во нова фабрика за електрични возила од 2 милијарди долари.
Читајќи меѓу редови, врвните брендови како Audi, Porsche и Bentley најверојатно ќе задржат поголема независност кога станува збор за техничките компоненти и уникатните карактеристики, бидејќи тие работат во област со повисока маржа на пазарот.