Lada e-Largus ќе биде првиот ЕВ на AvtoVAZ
AvtoVAZ го прикажа прототипот за првиот електричен автомобил на компанијата Lada e-Largus
Електрификацијата во автомобилската индустрија во овој момент изгледа неизбежна. Практично секој производител на автомобили инвестира милиони евра во нови технологии. Lada е меѓу последните кои се приклучија на забавата и додека нејзиното прво електрично возило сè уште не е подготвено да се појави во производните линии, сега има прототип што го прикажува идниот e-Largus.
И покрај проблемите со кои се соочува руската автомобилска индустрија по санкциите наметнати поради војната во Украина, како и разделбата на AvtoVAZ со Renault Group, сепак рускиот производител го најави својот прв електричен автомобил во форма на прототип. Lada e-Largus е електрична верзија на Largus караванот, кој пак е базиран на првата генерација на Dacia Logan.
Од Lada не сопделија многу информации околу деталите, но ја објави првата официјална фотографија од e-Largus во LCV форма со покриени задни стакла. Ќе има и патничка верзија која ќе ја задржи истата каросерија на караван. Очекувано, e-Largus изгледа речиси идентично со Largus со погон на мотор на внатрешно согорување, но доаѓа со целосно покриена решетка, ревидиран преден браник и сини акценти за да се истакне неговиот електричен погон.
Производството започнува во 2023 во Тољати
e-Largus сè уште ја користи B0 архитектурата на Renault Group од првата генерација на Dacia Logan, приспособени да одговараат на електричен мотор и батерија со непознати спецификации. AvtoVAZ соопшти дека моделот ќе се произведува во фабриката во Ижевск, која се ремонтира по одлуката на Renault официјално да ги прекине своите операции во Русија. Неодамна, Lada објави дека ќе го премести производството на Vesta од фабриката во Ижевск во главната фабрика во Тољати, нудејќи им откуп на работниците.
Lada ќе ги објави спецификациите на e-Largus подоцна, а првиот целосно функционален прототип ќе излезе од производната линија во 2023 година. Истовремено, AvtoVAZ се обидува да ја прошири својата полнечка мрежа која во моментов е составена од 10 станици за полнење, со уште три планирани за 2023 година.