Израелскa компанија ќе нуди беспилотни возила со радарска контрола
Израелската компанија Vayyar претстави систем за управување на беспилотни возила, која се базира на технологија развиена во 60-тите години на минатиот век
За создавање е употребена технологијата UWB (Ultra-Wide Band), која пред половина век е користена во радарите. Оваа технологија се користи исто така од почетокот на XXI век за безжичен пренос на податоци, но потоа е надмината од попопуларните состави како Bluetooth и Wi-Fi, забележува Electronic Design. Vayyar користи UBW не само за автомобилски сензори, но и за создавање на медицински помагала, како и системот „паметни домови“.
Радарските системи на Vayyar го перцепираат околниот свет по принципот на Х-зраци при тоа без штета по здравјето на луѓето. Од зборовите на основачот на стартап компанијата, Равив Меламед, станува јасно дека такви чипови чинат само „неколку” долари и при тоа можат да вршат дел од функциите на најскапите LIDAR-системи дури и во неповолни временски услови. Тие исто така можат да анализираат не само што се случува надвор, туку и во автомобилот.