Детроит 2018: Пристигнува новиот Ram 1500
Новата четврта генерација на Dodge Ram се претставува во Детроит. Пикапот импресионира со неговиот ревидиран дизајн и голем број на технички иновации
Новиот Ram за моделската 2019 е полесен за 102 kg од својот претходник. Каросеријата е поцврста, што од своја страна доведува до намалена потрошувачка на гориво. За оваа прилика вградени се и специјални аеродинамични елементи, активирани од електричен систем. За полесен пикап се користат и повеќе алуминиумски компоненти во задниот капак, моторот, потпирањето, како и во некои трансмисиски состави.
Под хаубата на новиот модел е лоциран 3.6- литарскиот Pentastar V6 мотор, кој генерира 305 КС и 365 Nm вртежен момент. Како дополнителна опција, Hemi V8 исто така ќе биде достапен со капацитет од 395 КС и 556 Nm вртежен момент. Суштинската новина кај машината е присуството на нов 48-Volt хибриден систем eTorque, а неговата батерија може да се напојува дополнително кога се активираат сопирачките. За двата мотори има само еден пренос 8 брзински автоматски.
Внатре пикапот е поширок од претходникот, а тапацирот ќе се нуди во 6 различни конфигурации. Покрај тоа Ram ќе се нуди и со 12 инчен дисплеј преку кој инфо системот Laramie Longhorn овозможува користење на навигација, Android Auto, Apple CarPlay, како и истовремена работа на неколку апликации, одвоени одделно на екранот.
Реновираниот пикап ќе се нуди и со подобрена Offroad верзија 4×4 која комбинира 33 инчни гуми Goodyear Wrangler DuraTrac, подигнато потпирање, вклучувајќи Bilstein амортизери, како заклучување на задниот диференцијал. Автомобилот ќе може да се повлече товар со тежина до 5.737 kg. Купувачите исто така ќе можат да избираат од 15 различни надворешни бои, како и 15 видови тркала.