fbpx

Карлос Гон: Алијансата Renault-Nissan e светски лидер по продажба во 2017

Претседателот на Renault-Nissan, Карлос Гон, објави дека Алијансата, вклучувајќи ги и марките Mitsubishi и AvtoVAZ, е светски лидер кај автомобилските групи

Алијансата– Алијансата (Renault-Nissan), со повеќе од 10,6 милиони продадени патнички и лесни комерцијални возила во 2017, е водечката автомобилска група на глобално ниво, потенцира Гон за време на седниците на парламентарната комисија во Париз. -Тоа го истакнувам официјално, откако Volkswagen ги објави своите резултати, реализирани точно 10,74 милиони единици, но вклучувајќи и 200.000 тешки камиони, кои ние не ги вбројуваме во нашите статистики.

Во годишна статистика, групата Volkswagen, пред само неколку дена обајви вкупен резултат од продажбата 10.741.500 единици, каде се вклучени и 204.900 единици на MAN и Scania. Според Гон, ако се ова официјалните резултати, кога станува збор за продажба на патнички и комерцијални возила, тогаш лидер во светот е Алијансата на Renault-Nissan.

Поврзани вести

Back to top button