И Great Wall со сопствен бренд на електрични автомобили
Кинескиот производител на автомобили Great Wall планира да отвори сопствен бренд за електрични автомобили, кој ќе има деби на изложбениот салон во Пекинг, во април
Брендот ќе биде именуван како Ora, а во Пекинг ќе го претстави својот прв модел, кросовер iQ5, објави CarNewsChina.
Според непотврдени информации, iQ5 е изграден на платформа на модел од брендот Wey, кој исто така е во сопственост на Great Wall. Електричниот автомобил е долг речиси 4,5 метри, со меѓуоскино растојание од 2.615 mm, а неговата тежина е 1.395 kg. Новиот iQ5 се напојува со електричен мотор со моќност од 163 коњски сили, кој ја влече моќта од пакетот литиум-јонски батерии.
Веќе се знае дека неговата максимална брзина ќе биде 150 km/h, но се уште нема информации за најважнотo – колку ќе биде автономијата со едно полнење на батериите. Најуспешниот бренд на Great Wall e одделот Haval, кој е и најголемиот производител на кросовери во Кина. Wey е новата компанија каде доминира луксузот и е наманета за Европа, а се чини Ora е новата иднина за кинескиот гигант.