Македонска премиера за новиот Range Rover Sport
Range Rover Sport влезе во својата трета генерација, а новиот модел беше премиерно претставен и на македонскиот пазар
Новиот Range Rover Sport ја имаше својата премиера на македонскиот пазар со ексклузивно претставување пред вљубениците на британската марка Land Rover, со автентичен настан во просториите на продажно-сервисниот центар на Jaguar Land Rover во Скопје. Чест на оваа премиера да присуствува имаше и редакцијата на Авто Плус.
Моќен. Драматичен. Бескомпромисен. Range Rover Sport влече инспирација од стандардниот Range Rover, карактеризирајќи се со сокриените рачки на вратите и мазниот стајлинг, но тука сите сличности запираат. Land Rover реши да го опреми Sport со уникатен преден и заден дел, а дневните светла се најтенките кои Land Rover ги поставил кај некој свој автомобил, додека самиот модел има 0.29 коефициент на воздушен отпор.
Новиот Range Rover Sport плени со уверливиот карактер, со повеќе став од кога и да е. Драматичните пропорции, мускулестиот став и заострените површини изразуваат моќ, перформанси и агилност. Ја прифаќа редукциската природа на филозофијата за модернистичкиот дизајн, додека ги воздигнува клучните состојки на неговите гени. И во внатрешноста модернистичката филозофија продолжува. Кабината на Range Rover Sport делува препознатливо, бидејќи моделот ја добива истата постава како Range Rover, но постојат и неколку карактеристични разлики. Инфозабавниот екран кај Sport, „лебдечки“ заоблен дисплеј со висока резолуција, е поставен под агол веднаш над централната конзола, а 13,1-инчниот екран работи со помош на Pivi Pro софтверот на Land Rover.
Пред возачот се наоѓа 13,7-инчен Interactive Driver Display. Apple CarPlay и Android Auto се стандарден дел од опремата, заедно со 15-ватното бежично полнење. За звукот е задолжен Meridian со својот врвен Signature Sound System со 29 звучници.
Најсовремени технологии
Под површината изобилува со најсовремена технологија за справување со секаков терен но и технологија за поврзан, прeфинет, модерен луксуз. Најновиот plug-in хибрид е погонски систем со кој може да се поминат повеќе од 80 km со едно полнење и се одликува со 510 КС комбинирана моќност од 0-100 km на час за само 5,4 секунди. Тука е динамичното воздушно потпирање, нова технологија што содржи воздушни пружини, со две воздушни комори. Ова го одржува возилото во брзите свиоци и при нагло забрзување или сопирање, а погонот на сите тркала реагира побрзо и непречено, секогаш кога ќе го свртите воланот. Поагилен на мали брзини и посигурен при големи брзини. Новиот Range Rover Sport е подготвен за секој предизвик. Пионерската архитектура на Land Rover MLA-Flex и најновите системи на шасија се во фузија за да го испорачаат највисокото ниво на динамика што досега е виден кај Range Rover Sport.
Резултатот е најпривлечниот и највозбудливиот Range Rover Sport досега кој македонската публика ексклузивно има можност одблиску да го запознае во салонот на Automobili Group.