fbpx

Ал-Атија со нов успех

Лошите временски услови беа предуслов организаторите да ја откажат етапата за мотоциклите и пилотите на ATV

Така 12-иот ден беше посветен единствено на автомобилите и камионите во кои имавме неизвесност до самиот финиш.

Кај автомобилите, адутот на Toyota, Насер Ал-Атија, беше побрз од дуото на Peugeot, Карлос Саинс и Стефан Петерхансел и оставри етапна победа по трет пат од почетокот на ова рели во Лима. Сега има само една победа помалку од лидерот Саинс, во сите негови настапи во Дакар. Сепак, неговиот заостаток е сеуште импресивен – еден час и пет минути зад Саинс, кој и натаму е водечки во генералниот пласман и 20 минути од вториот, Петерхансел. Катарецот, сепак, сè уште верува дека е способен да го направи невозможното и ќе се бори за победа до финишот на релито.

Саинс и неговиот навигатор Лукас Круз не сакаа да преземат непотребни ризици и се одлучија за побавно темпо, без форсирања. Во втората половина од етапата, шпанската екипа имаше и технички проблем поврзан со смена на менувачот. Петтерхансел беше задоволен од втората позиција и изјави дека неговата главна цел е да ја задржи својата втора позиција во целокупното рангирање од Ал-Атија.

Кај камионите, исходот најверојатно нема да биде јасен до самата завршница. Тон ван Генант нема шанси да победи, но тоа не го спречи да го запише својот трет успех во последните пет дена. Но, сепак неизвесноста околу победникот продолжува. Една секунда е разликата во моментов во вкупното рангирање на камионџиите, меѓу новиот стар лидер, Едвард Николаев (Камаз) и Федерико Вилагра (Iveco). По 7.518 километри од самиот почеток во Лима, ова е најимпресивната разлика во трката. Двата возачи ќе се борат за победа до самата цел, а пред нив се последните две најтешките психички и физички фази.

Следната фаза ќе се одржи целосно на дините на Сан Хуан. По долгата транзиција од 419 километри, вториот дел од етапата (219 километри) ќе се одржи во близина на последната станица на Кордоба и ќе личи на WRC фаза. Мотоциклистите ќе се вратат во неа, кои секако се разочарани од фактот што не беа дел од оваа фаза. Матијас Валкнер со КТМ е лидер со предност од 32 минути во однос на Кевин Бенавидес (Honda) и од 39 минути во однос на клубскиот колега Тоби Прајс.

Поврзани вести

Back to top button