fbpx

Финалниот Lamborghini Aventador Ultimae е потсетник на Miura Roadster

Lamborghini го покажа последниот произведен Aventador Ultimae кој е персонализиран од одделот Ad Personam, а е потсетник на единечниот Miura Roadster

Последниот Lamborghini Aventador Ultimae Roadster излезе од производствената линија минатиот месец, а сега италијанскиот производител ги објави своите целосни детали. Овој специјален примерок на суперавтомобилот, персонализиран од одделот Ad Personam, има спецификации кои одговараат на еднократниот Lamborghini Miura Roadster од 1968 година.

Нијансата Azzuro Flake за надворешноста го повторува оригиналот, иако со помалку сјај поради хомологација. Долниот дел од каросеријата е обоен во Grigio Liqueo со линија Nero Aldebaran. Голите карбонски влакна може да се најдат на сплитерот, страничните прагови и дифузерот, додека црниот карбон е избран за отстранливиот покрив и капакот на моторот. Издувните цевки се обработени во мат црна боја, а светло-сребрените алуминиумски тркала се во контраст со црните шапи на сопирачките.

Внатре се наоѓаѓ кожен тапацир на Bianco Leda за седиштата и долниот дел од контролната табла, со шевови во контраст со горниот дел од Nero Ade Alcantara. Има специјална значка Miura извезена на совозачката страна и уште една на заштитните панели.

Lamborghini Aventador Ultimae

Официјалните фотографии на Lamborghini го прикажуваат последниот Aventador заедно со еднократниот Miura Roadster. Специјалната верзија на Miura беше претставена на Саемот за автомобили во Брисел во 1968 година и беше добро прифатена, но никогаш не стигна до производство, останувајќи еднократна изведба. Откако беше во различна сопственост и беше пребојосуван, уникатниот модел се врати во рацете на Lamborghini и доби целосна реставрација во 2008 година, враќајќи се на првобитните спецификации.

Последното Lamborghini со неелектрифициран V12 веќе е испорачано на неговиот швајцарски сопственик, со што се означува крајот на една ера. Lamborghini изгради вкупно 11.465 единици од Aventador во својот 11-годишен животен циклус. Производството на предводникот требаше да заврши порано, но брод со автомобили потона во Атлантикот заедно со 15 примероци на Aventador, принудувајќи го Sant’Agata да го рестартира процесот. Наследникот на моделот се очекува да дебитира некаде во 2023 година, со сосема нов хибриден V12 погон.

Поврзани вести

Back to top button