fbpx

Марк Цукерберг купил јахта за 150 милиони долари

Шефот на Facebook, Марк Цукерберг платил 150 милиони долари за јахта под име Ulysses ( Одисеј), тврди турскиот весник Hürriyet

Ултралуксузното пловило има платформа за хеликоптер и оди во комплет со 24-метарски брод за поддршка, SUV автомобили и мотоцикли. Марк Цукерберг, чие богатство се проценува на 74 милијарди долари ја видел 107-метарската јахта на саем во Монако, но инсистирал договорот да се склучи тајно. Во последните неколку месеци уживајќи на својата нова јахта добро се „сокривал“ од радарот на медиумите, но сепак во декември не бил „пресретнат“ во Тихиот Океан.

1 | Марк Цукерберг
2 | Марк Цукерберг
3 | Марк Цукерберг
4 | Марк Цукерберг
5 | Марк Цукерберг
6 | Марк Цукерберг

    Претходниот сопственик на јахтата бил милијардерот од Нов Зеланд, Греам Харт. Авторитетното списание Forbes го рангира сопственикот на инвестициската компанија Rank Group на 214-то место меѓу најбогатите луѓе на планетата. Харт, е роден во 1955 година, ја започнал својата кариера како возач на камиони, а денес има 7,8 милијарди долари.

    https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=_a0zGBuTHo8

    Ulysses била изградена во норвешкото бродоградилиште Клевен. Таа може да ја премине половина од планетата без полнење и да ги издржи најлошите метеоролошки услови. На бродот има 15 апартмани за 30 патници кои се сервисираат од 43 членови на екипажот. Максималната брзина на пловилото е 15 јазли (речиси 28 km/h).

    Поврзани вести

    Back to top button